СНЕЖНА ИДИЛА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ, Попова Шапка и Маврово забелеа
Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2023
По најавите за врнежи од дожд и снег, од утрово нашите ски центри Попова Шапка и Маврово најпосле натрупани со снег.
Изминатата ноќе снег паѓаше на ајвисоките места во земјава, што поттикна многу љубители на снегот да објават и фотографии од најновата зимска идила во земјава.
Како што е објавено на Фејсбук страната „Kodra e Diellite - Tetove“ Попова Шапка утринава се разбуди во снежна идила. Конечно наврна долгоочекуваниот снег, и ски центарот е во своето препознатливо издание.
Фотографии од состојбата на Попова Шапка утринава објави и „Конак Попова Шапка“.
Како што може да се забележи и на камерите на „Skimacedonia“, снег во овие моменти има само на овие две места, додека за жал снег нема во Крушево, Нижо Поле, ниту Копанки во Битола. Слаб снег има во Пониква, а УХМР најавува нови врнежи во текот на следните неколку дена.