Со 1 милион евра ќе се подобрува работата на Министерството за финансии
Објавено во: Економија 07 Февруари, 2013
Во присуство на заменик претседателот на Влада и министер за финансии Зоран Ставрески и евроамбасадорот Аиво Орав, денеска ќе се отвори Твининг проектот за поддршка на Министерството за финансии и јакнење на капацитетите за макроекономски анализи и формулирање на политики.
Твининг-проектот, кој се реализира со поддршка на ЕУ, има за цел да го поддржи Министерството за финансии за подобрување на економските анализи и вештините за прогнозирање како и создавање на среднорочна и долгорочна макро-фискална рамка преку понатамошен развој на капацитетите за макроекономско моделирање и даночни приходи, општествените трошоци и добитки, фискални анализи и подобрување на процесите за буџетските планирања. Проектот започна во декември 2012 година, а ќе заврши во декември 2014 година. Главен фокус на проектот е размена на искуства за економските анализи, за економски прогнози како и креирање на политики со цел подобрување на квалитетот на информации наменети за носителите на економските политики, потребни за успешен процес на донесување одлуки. Вкупниот буџет на проектот е речиси 1 милион евра.