Добивај вести на Viber
Министерот за финансии Зоран Ставревски го претстави предлог буџетот за 2013 година. 2,6 милијарди евра, толку ќе изнесува државната каса во 2013 година. Вкупните приходи за 2013 изнесуваат 2,4 милијарди евра, буџетскиот дефицит е проектиран на 3,5 проценти, овој минус во државната каса ќе се покрива со задолжување дома и во странство. Инфлацијата во 2013 е проектирана на 3,5 %. Вкупното ниво на капитални расходи од 2013 се за 10,4 % повисоки во однос на 2012 година. Во капиталните расходи се инвестициите за автопатот Демиркапија -Смоквица, а Ставревски најави и ремонт на железничката инфраструктура и инвестиции во енергетиката. Повеќе пари во буџетот во 2013 во однос на лани ќе добијат министерствата за Здравство, Образование и Труд и Социјална политика.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.