31 Јули, 2024
0.0268

СО „АС СЕЊАК“ БИЗНИСОТ МУ ЦУТИ, АМА СО „ЖИТО КАРАОРМАН“ НИКАКО ДА МУ ТРГНЕ - што му е побитно на Селаудин Арифи

Објавено во: Економија 31 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

И оваа година воопшто не почна добро за Жито Караорман, компанија од мелничко пекарската индустрија, во доминантна сопственост на Селаудин Арифи. Во првите шест месеци од годинава таа компанија повторно работи со загуба, откако минатата година ја заврши со огромен минус од 3,3 милиони евра.

За волја на вистината, загубата во периодот од јануари заклучно со јуни годинава е пониска во однос на онаа што е остварена во истиот период лани, но тоа воопшто не се должи на некакви подобрувања во кор бизнисот на компанијата, туку на фактот што се драстично намалени и приходите и расходите, или што би се рекло, намален е самиот бизнис, и покрај тоа што раководството и сега, како и претходно, ветува зголемување на производството и подобрување на финансиските резултати.

Билансот на успех говори дека Жито Караорман во првите шест месеци од годинава работело со загуба од 66 илјади евра. Истиот период лани негативниот финансиски резултат на оваа мелничко-пекарска компанија беше 318 илјади евра. Но, дали има место за радување по намалената загуба, ќе ни покажат приходите и расходите на компанијата.

А, тие говорат дека компанијата остварила во првите шест месеци од годинава приходи од 309 илјади евра, што е пад за дури 60 проценти во однос на истиот период од минатата година. Речиси целиот приход е остварен од продажба на домашниот пазар.

Значајно се намалиле и расходите, за дури 67 проценти, па за шест месеци тие изнесувале безмалку 363 илјади евра. Намалувањето кај расходите е позначајно од она кај приходите, и тоа прави загубата да биде и помала, но намалените приходи и трошоци укажуваат дека на компанијата едноставно не и оди добро во овој период.

На расходната страна, најголеми се трошоците за суровини и други материјали, и за нив се дадени 203 илјади евра, и тие се единствената билансна ставка каде намалувањето не е огромно, туку изнесува „само“ 11 проценти.

А, она што исто така не е поволно, е значајното намалување на трошоците на работниците за плати, и тие се речиси преполовони. Односно, за првите шест месеци од годинава трошоците за вработените се 71 илјада евра, што е намалување за 47 отсто во однос на истиот период од минатата година. Што, пак, значи дека или се намалиле платите, или, пак, се намалил бројот на вработените.

Она што е на некој начин добра вест, е што компанијата успеала да ги намали финансиските расходи, и тоа за 71 отсто, а тоа се расходи по основ на камати.

Од компанијата, освен што таксативно набројуваат какви им се резултатите, не кажуваат кои се причините за негативниот финансиски брезултат, кој се повторува и оваа година.

„Во наредниот период  друштвото очекува зголемување на производството и продажбата, а со тоа и подобрување на финансискиот резултат“, се вели во објавата од компанијата.

Инаку, како што веќе пишуваше Фактор, Селаудин Арифи, се стекна со над 74 проценти од акциите, но и објави понуда до сите акционери за тотално докупување на нивните акции, со што тој би го поседувал целото ова акционерско друштво. Но, тие акциите не му ги продадоа.

Претходно, Арифи беше помал акционер во компанијата, но тој докупи 51 отсто од акциите од претходниот доминантен акционер Сретен Миладиноски.

Селаудин Арифи, всушност е познат како газда на фирмата „АС Сењак“, а според некои извори тој е близок со високи лица во ДУИ, поранешна владејачка партија. За оваа фирма се пишуваше и дека добива бројни државни јавни набавки.

Но, ако на Селаудин Арифи не му оди со Жито Караорман, сигурно му оди многу подобро со неговата компанија Ас Сењак.

Како што пишуваше Фактор, Ас Сењак е компанија со  најголема добивка во Кичево за минатата година, и таа лани изнесувала, 1,17 милиони евра, како што говорат податоците на Централниот регистар.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НЕ СМЕЕ НАРОДОТ ДА ПЛАЌА 10 ПАТИ ПОВЕЌЕ ЗА НОТАРСКАТА НАГРАДА - министерот Филков ќе бара повлекување на одлуката од неговиот претходник

НЕ СМЕЕ НАРОДОТ ДА ПЛАЌА 10 ПАТИ ПОВЕЌЕ ЗА НОТАРСКАТА НАГРАДА - министерот Филков ќе бара повлекување на одлуката од неговиот претходник

ИНДУСТИРСКОТО ПРОИЗВОДСТВО СО ПАД ОД 6,5 ПРОЦЕНТИ: еве кои сектори се засегнати

ИНДУСТИРСКОТО ПРОИЗВОДСТВО СО ПАД ОД 6,5 ПРОЦЕНТИ: еве кои сектори се засегнати

ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ОД ВЕТЕР И СОНЦЕ ОТКОЛКУ ОД ФОСИЛНИ ГОРИВА: успева планот на Европската унија

ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ОД ВЕТЕР И СОНЦЕ ОТКОЛКУ ОД ФОСИЛНИ ГОРИВА: успева планот на Европската унија

ЦЕНИТЕ НА ПОЛОВНИТЕ ВОЗИЛА ПАЃААТ: Најбарани германските брендови и Тесла

ЦЕНИТЕ НА ПОЛОВНИТЕ ВОЗИЛА ПАЃААТ: Најбарани германските брендови и Тесла

IQOS Клуб – нова алатка за врвна грижа за корисници

IQOS Клуб – нова алатка за врвна грижа за корисници

Продолжува трендот на силен раст на Македонски Телеком и во првoто полугодие на 2024 година

Продолжува трендот на силен раст на Македонски Телеком и во првoто полугодие на 2024 година

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 153,9 милиони евра, извоз од 106,9 милиони евра и со инвестиции од 11 милиони евра во периодот јануари – јуни 2024 г.

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 153,9 милиони евра, извоз од 106,9 милиони евра и со инвестиции од 11 милиони евра во периодот јануари – јуни 2024 г.

Продолжуваат позитивните финансиски резултати на Реплек во првото полугодие од 2024 година

Продолжуваат позитивните финансиски резултати на Реплек во првото полугодие од 2024 година

ЕВРОПСКАТА ЕКОНОМИЈА ПОРАСНА ПОВЕЌЕ ОД ОЧЕКУВАЊАТА: но некогашниот мотор - Германија бележи пад

ЕВРОПСКАТА ЕКОНОМИЈА ПОРАСНА ПОВЕЌЕ ОД ОЧЕКУВАЊАТА: но некогашниот мотор - Германија бележи пад