Со „Бобкет“ прегазени работници во Битола, едниот почина
Објавено во: Македонија 21 Септември, 2016
Тешка несреќа се случи на градилиште во Битола откако возач на градежна машина „Бобкет“ прегазил двајца работници враќајки се наназад.
Едниот од работниците бил итно пренесен во битолската болница, но докторите не можеле да му помогнат бидејќи повредите биле премногу тешки и починал.
Вториот работник се здобил се сериозни повреди на телото, но е во стабилна состојба. Екипа на МВР земала изјава и извршила увид на местото на несреќата.