29 Јуни, 2024
0.0428

СО ГЛАС ПОВЕЌЕ ОД МИНИСТРИТЕ, ИЗБРАНИ ЗАМЕНИЦИТЕ: Прв им се обрати Ковачевски

Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Со 63 гласа „за“, 35 „против“ и без воздржани, Собранието вчера вечерта ги избра 16. заменик-министри во Владата, предложени од премиерот Димитар Ковачевски. За разлика од изборот на првиот владин ешалон, кога за кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски гласаа 62 пратеници, вториот ешалон доби еден глас „повеќе“ од парламентарното мнозинство кое, всушност, брои 64 пратеници

За заменик-министер за одбрана е избран Башким Хасани, за заменик-министер за внатрешни работи Назим Буши, за правда Агим Нухиу, а за надворешни работи Фатмире Исаки.

Во Министерството за финансии за заменик-министер е изгласан Филип Николоски, во Министерството за економија Зоран Маневски, а во Министерството за земјоделство Абдулшуќур Абедини. За заменик на министерот за здравство е изгласан Владимир Рендевски, во Министерството за образование и наука за заменик е избран Лулзим Алиу, додека во Министерството за труд и социјална политика Енвер Хусејин.

За заменик-министер за локална самоуправа е избран Зоран Димитровски, за култура Даим Лучи, за информатичко општество Александар Бајдевски, за транспорт и врски Беким Реџепи и за животна средина Христина Оџакиевска. Во Министерството за политички систем за заменик-министер е избран Џабир Доко.

Премиерот во завршното обраќањето пред пратениците, изјави дека најважно е да работат искрено, посветено, стручно и ефикасно.

-Таква матрица, таква методологија, таква работна сфера, таква контрола и одговорност побарав и нема да отстапам за сите врвни владини позиции, како и за министрите така и за заменик-министрите. Како што најавив имаме план, со рокови, обврски, носители на задачи и начин за мерење на ефектите врз животот на граѓаните. Нашиот пристап е јасен, искрен и мерлив. Сите работи – минати, сегашни и идни јасно ги соопштувам на јавноста и зад нив стојам, бидејќи личниот образ, одговорноста и системот на вредности за мене се врвни критериуми и така барам да се однесуваат и останатите, додаде Ковачевски.

Тој потсети дека во помалку од еден месец, е спроведен историски модел и висина на минимална плата и најави продолжување на овие политики од полза на граѓаните, бидејќи за Владата, граѓанинот е во центарот - неговите лични и семејни потреби и предизвици се највисоко на владината агенда.

„Продолжуваме со пензиите. 2022 година ќе биде година на силна енергетска трансформација. Продолжуваме во услови на здравствена и енергетска криза, да ги зголемуваме платите, пензиите, да го вратиме данокот преку Мој ДДВ, да ги зголемиме инвестициите и да создадеме амбиент за повисок раст, подбра економија, правна држава - како што денеска видовме, нашата држава веќе не е хибриден криминален режим, во којшто нè воведе речиси цела декада оваа опозиција, за жал тогашна власт“, посочи премиерот Ковачевски и додаде дека секој добронамерен и стручен е добредојден во тимот.

„Спротивно, сите лажни, ниски и политикантски акции, доминантно лоцирани во опозицијата, ќе ги осуетиме и покажеме дека се спротивни на интересите на граѓаните и на државата. Граѓаните гледаат, ценат и веќе проценуваат зошто Владата и владината коалиција е подобро решение за нивните проблеми и нивните потреби“, оцени премиерот Ковачевски.

Опозицијата пак, обвини дека е непрофесионален начинот на кој се предложени заменик-министрите, дел од нив немаат соодветно образование и познавање за назначената функција и оти голем дел од нив се од составот на претходната Влада, предводена од Зоран Заев. Оваа функција, според ВМРО-ДПМНЕ е непотребна и треба да се укине. Тие повторно побараа предвремени парламентарни избори, поради лошото менаџирање со кризата предизвикана од пандемијата.

По изборот на заменик-министрите, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина работата по 62. седница, а продолжението, како што рече, дополнително ќе биде закажано.


Можеби ќе ве интересира

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ