Со иста „финта“ прилепчанка измамила за евтини авионски билети
Објавено во: Македонија 21 Септември, 2016
Сопственичка на наводна туристичка агенција од Прилеп повторно изврши измама со веќе проверена „финта“ за продажба на евтини авионски билети на лица кои имаат роднини во странство, овој пат за САД каде таа лажела дека има пријатели и врски.
Овој пат измамени се две лица, едно од Охрид, а другото од струшкото село Ложани кои платиле висока сума на пари, но оштетените воопшто не добиле повратен авионски билет. Против неа повторно е поднесена кривична пријава за измама, овој пат од СВР Охрид.