16 Јануари, 2025
0.0285

СО КАДРИ НА АЛТЕРНАТИВА ЌЕ СЕ РЕШАВА ЗДРАВСТВЕНАТА И ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА ВО МАКЕДОНИЈА: Нема вонредни избори со 64 пратеници Владата има стабилно мнозинство до 2024

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши на денешната прес конференција објавија дека со 64 пратеници имаа стабилно парламентарно мнозинство, како и стабилна Влада, со што се надминува политичката криза во змјава.

-Нема да има вонредни избори. До 2024 година ќе имаме стабилно парламентарно мнозинство со влегувањето на Алтернатива во Владата. Кадри од Алтернатива ќе раководат, односно ќе имаат министерски места во министерствата за здравство, информатичко општество, ќе имаат и министер без ресор за дијаспората, како и три заменички министерски места во министерствата за култура, образование и иако се уште не е дефинирано, во Министерството за земјоделие. Кадар на Алтернатива ќе раководи и со МЕПСО за надминување на енергетската криза. На граѓаните им треба стабилност, ние тоа го испорачуваме, нагласи премиерот Заев.

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши истакна дека ќе изберат најдобри кадри од нивните редови за надминување на здравствената и енергетската криза во Македонија.

-Здравството е голем предизвик за нас, ќе најдеме кадровски решенија со кои ќе придонесеме целокупната состојба да се подобри, не само ковид-кризата. Исто така ќе дадеме и најдобри кадровски решенија за решавање на енергетската криза, ќе избереме најдобар кадар за раководење со МЕПСО, рече Гаши. 


Можеби ќе ве интересира

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено