19 Декември, 2025
0.0710

Со кампањата „Македонско најдобро“, владата ќе го поттикнува домашното производство

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2025 10:28

Добивај вести на Viber

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатата година покажува вистинска грижа за земјоделците. Реформите и проектите суштински ги решаваат најесенцијалните проблеми и предизвици со кои се соочуваат земјоделците, соопштуваат од владејачката партија.

„По неколку години на застој и уназадување на државата од владеењето на СДС и ДУИ од темел ги менуваме работите. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ја започна кампањата „Македонско најдобро: Наша традиција, наша гордост“. Кампањата „Македонско Најдобро“ ќе биде препознатлива по специфично лого кое преку сонцето и почвата не потсетува дека ги имаме сите предуслови за да имаме домашни, квалитетни земјоделски производи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека откако се на власт, расте извозот на земјоделски производи.

„Примарна цел е да се зголеми и зајакне домашното земјоделско производство, да се обезбеди просперитет на руралните средини, да се подигне свеста за квалитетот, автентичноста и значењето на домашните производи и преработки од истите, како и да се обезбеди полесен пристап на нашите сограѓани до домашните земјоделски производи. Споредувајќи ги првите пет месеци од 2024 година со првите пет месеци од 2025 година во делот на извозот бележиме раст над 50 проценти. Во апсолутна бројка тоа е околу 57 милиони евра што е сериозен раст. Растот на извозот на земјоделски производи покажува дека македонското земјоделство се движи во вистинска насока а проектите даваат резултати“, стои во соопштението.

Својата партија ја категоризираат како партнер на земјоделците.

„Македонија извезува повеќе храна од порано. Очекуваме овој тренд да продолжи и Македонија во период од неколку години од увозно зависна земја да стане држава извозник на храна. Владините мерки во секторот земјоделие даваат резултати. Земјоделците конечно имаат партнер во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ја враќаме гордоста кај македонскиот земјоделец. Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија“, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило