17 Декември, 2025
0.0920

Преку заштеда на енергија до поевтино и поконкурентно производство

Објавено во: Економија 12 Септември, 2013 20:01

Добивај вести на Viber

Со цел компаниите примената на енергетската ефикасност да стане дел од работењето на компаниите, со што тие ќе бидат поефикасни и поконкурентни, денеска се одржа работилницата како дел од  „Платформата за енергетска ефикасност“ што ја организираат ЕВН Македонија и Министерството за економија . Учество земаа над 100 компании, експерти , претставници од финансиски институции кои финансираат вакви проекти, претставници од компании кои имаат реализирано вакви проекти. Со огледа на фактот што третина од потрошувачката на енергија во Македонија отпаѓа на индустрискиот сектор, тоа е причина плус за инсистирање на енергетската ефикасност во работењето, беше посочено на работилницата. Според претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Вернер Хенгст, енергетската ефикасност има исклучителен потенцијал, не само од аспект на намалување на потрошувачката, туку и како потенцијал за отворање на нови бизниси.  За министерот за економија, Ваљон Сарачини пак, кој исто така учествуваше на работилницата, примената на енергетската ефикасност во работата на претпријатијата директно ќе придонесе кон намалување на трошоците и подобрување на конкурентноста. „Министерството за економија и понатаму активно ќе работи кон унапредување на законодавството според новите потреби и ќе го поддржува македонскиот бизнис сектор преку сите расположливи механизми, во насока на подобрување на неговата конкурентност, бидејќи тоа е основа за поголем развој на економијата“, изјави Сарачини. Според првиот Акционен план за енергетска ефикасност и Стратегијата за унапредување на енергетската ефикасност, се предвидува постигнување на национална индикативна цел за заштеди на енергија во финалната потрошувачка од 9 отсто до 2018 година. За овие цели да се постигнат треба да се преземаат низа мерки во сите сектори на финална потрошувачка на енергијазаедно со индустријата.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи