Со метална шипка му ја скршил главата, оти го замолил да се препаркира
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2015
Скопјанец од Студеничани со метална шипка нападна вработен во подземната гаража во трговскиот центар „Мавровка", оти му рекол дека непрописно го паркирал автомобилот.
До инцидентот дошло, откако вработениот го замолил дваесет и седумгодишниот скопјанец да го препаркира неговиот „голф", кој претходно го оставил на тротоарот пред влезот на подземната паркинг-гаража во ТЦ "Мавровка".
Расправијата ескалирала во жестока тепачка, во која бил оштетен и автомобилот. Тогаш сопственикот на „голфот" револтиран од скршеното стакло на колата, извадил метална шипка и му нанесол неколку удари на главата на вработениот.
Од силните удари тој паднал на асфалтот, а напаѓачот со трчање го напуштил местото.
Повредениот, кој имал обилно крвавел од главата и од ушите, со возило на Брза помош бил пренесен во Градската болница "Св.Наум Охридски" каде што, поради сериозноста на повредите, бил задржан на натамошно лекување.