Со нови 56,8 милиони евра ќе се задолжи државата
Објавено во: Економија 19 Февруари, 2013
Државата денеска планира да се задолжи со нови 56,8 милиони евра. Станува збор за објава на две одделни аукции на државни хартии од вредност. Преку првата аукција се продаваат тримесечни записи со камата од 3,60% а втората аукција, исто така тримесечни записи со каматна стапка од 3,65%. По основ на доспеани хартии од вредност, државата утре во реланиот сектор треба да врати исто така 56,8 милиони евра.
Заклучно со декември 2012 та година, владата на домашен терен должи 932 милиони евра. Од почетокот на 2012 та салдото на домашното задолжување се зголеми речиси двојно, од 520 милиони евра во првиот кавртал на 932 милиони евра до крајот на годината.