05 Декември, 2025
0.0347

Со нови мерки НБРМ ќе ги ублажува последиците од кризата

Објавено во: Финансии 29 Ноември, 2012 13:37

Добивај вести на Viber

Советот на Народната банка на Република Македонија донесе нови нестандардни мерки на монетарната политика за ублажување на последиците од кризата, преку поддршка на кредитирањето и подобрување на платнобилансната позиција на земјата, што треба да придонесе за поттикнување на економскиот раст на земјата, стои во соопштението на НБРМ цо врска со денешната 12-та седница. Најновите мерки на Народната банка носат промени кај инструментот задолжителна резерва. Со новините кај Одлуката за задолжителната резерва се овозможува намалување на основата за задолжителна резерва на банките за износот на новоодобрените кредити на нето-извозниците и на домашните производители на електрична енергија, како и за вложувањата во должнички хартии од вредност во домашна валута без валутна клаузула, издадени од споменатите претпријатија. Со промените се создаваат услови за намалување на цената на кредитите одобрени на нето-извозниците и на домашните производители на електрична енергија, а истовремено се придонесува за зголемување на обемот на кредитна поддршка за овие значајни сектори од економијата. Со оглед на тоа дека станува збор за нестандардна мерка, се предвидува оваа измена да се применува заклучно со 2014 година, кога зависно од постигнатите резултати, ќе се преиспита потребата од натамошна примена, наведуваат од НБРМ. Као што соопшуваат од Банката донесена е одлука за изменување и дополнување за начинот и условите за замена на книжните и кованите пари што станале непогодни за промет. Со овие новините се врши прецизирање и зајакнување на улогата на НБРМ во однос на одржувањето на квалитетот на книжните и кованите пари на високо ниво, преку нејзино директно вклучување во процесот на контрола при обработката кај банките, како непосредни извршители на оваа активност.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНАТ ДОБРИ И КВАЛИТЕТНИ ЗИМСКИ ГУМИ? Внимавајте на овие грешки при нивно купување

КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНАТ ДОБРИ И КВАЛИТЕТНИ ЗИМСКИ ГУМИ? Внимавајте на овие грешки при нивно купување