19 Декември, 2025
0.0380

Со осигурениците градиме партнерски однос – м-р Николина Таневска, извршна директорка на СН Осигурителен брокер АД Битола

Објавено во: Мои пари 01 Ноември, 2022 11:58

Добивај вести на Viber

Градењето на заедничка доверба, одржувањето на квалитетот на услугите на високо ниво и постојаната насоченост кон тоа да се одговори на потребите на осигурениците е во основата на нашето секојдневно работење во сферата на осигурувањето, вели извршната директорка на Осигурителното брокерско друштво СН Осигурителен брокер АД Битола, м-р Николина Таневска по повод меѓународниот ден на осигурувањето.

Таа посочува дека еден од основните принципи е да се гради и негува партнерски однос со осигурениците, а меѓународниот ден на осигурувањето е само повод да се потсетиме колку многу тој однос е важен. 

„СН Осигурителен брокер АД Битола останува синоним за доверба, висок квалитет на услугите и чесен однос кон осигурениците. Тие знаат дека со целосна доверба можат да се обратат кај нас за секоја нивна потреба од областа на осигурувањето. Кај нас најтранспарентно во еден момент можат да ја добијат на увид целата осигурителна понуда која е актуелна на пазарот. Но, нашите брокери стручно ќе им помогнат со наша консултација да го изберат токму тој осигурителен пакет кој најмногу одговара на нивните потреби, но и на нивните финансиски можности. Целата таа консултација ја добиваат сосема бесплатно и по исти цени како и во самите осигурителни компании ја добиваат полисата за осигурување која ќе ја изберат.“-вели Таневска. 

Додава дека финансиската писменост е од исклучително значење за квалитетот на живот на секој поединец и неговото семејство. Оттука, СН Осигурителен брокер преку своите кампањи става акцент на важноста на осигурувањето како еден од најефикасните начини да се обезбеди финансиска сигурност на поединците, семејствата, имотите и бизнисите.

„Кај граѓаните расте свеста за важноста на осигурувањето. Како резултат на тоа расте и осигурителниот пазар. Осигурителното брокерско друштво СН Осигурителен брокер АД Битола претставува најголем осигурителен брокер во државата по основ на бруто полисирана премија, број на вработени, број на подружници и реализирани штети. Да се ​​биде лидер на пазарот на осигурувањето во Македонија е резултат на добра деловна стратегија, постојан фокус на потребите на нашите осигуреници и посветен тим обединет околу заедничка цел да се понуди висок квалитет на услугите, ефикасност и градење на концепт на современа програма за осигурување. Сето тоа е заокружено со успешната соработка со нашите деловни партнери и клиенти ,за што сме им искрено благодарни.“-вели извршната директорка на СН Осигурителен брокер.

Денес, СН Осигурителен брокер е достапен преку 42 подружници, во кои работи високообразован стручен кадар со 140 вработени.

„ Следејќи ја главната цел да биде прв и сигурен избор, со своето искуство, традиција и професионалност, СН Осигурителен Брокер континуирано се стреми кон усовршување на високостручниот тим кој на осигурениците им овозможува ефикасна и брза поддршка при изборот на полиса за осигурување. Тимот е главна движечка сила на секоја компанија. Горда сум што имам одличен тим на вработени и соработници со кои заедно градиме успеси. Посебно би ги напоменала Претседателот на Одборот на директори, Христо Кондовски и Главниот извршен директор на компанијата, Зоран Пејчиновски, и двајцата докажани професионалци во сферата на осигурувањето кои пред речиси осум години ја трасираа главната визија за да стигнеме до она што сме денес.“- вели Таневска.

СН Осигурителен Брокер АД Битола во декември ќе одбележи осум години успешна работа во осигурителниот сектор во земјата. Компанијата е издавач на првата емисија обврзници издадени од нефинансиско друштво во Македонија. Во февруари 2022 година првата емисија на корпоративни обврзници се реализираше со 94,78 % на успешност. Воедно, СН Осигурителен Брокер планира проширување на деловните активности во Грузија како дел од развојната стратегија.


Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза