19 Декември, 2025
0.1755

Со платформа за „Зелена Македонија“ се бара од политичарите да ги решат жешките точки во државата

Објавено во: Мои пари 06 Април, 2014 11:00

Добивај вести на Viber

Платформа за „Зелена Македонија“ е потпишана во Велес со која дваесет и пет невладини организации со еколошки предзнак од сите политички партии во земјава ќе бараат да се изјаснат околу десетте жешки еко точки кои тие заеднички ги констатираа како проблематични. Потпишувањето, симболично се случи пред големата депонија со згура, во близина на велешката Топилница. „Нашите десет приоритети ќе им ги претставиме на политичките партии кои влегоа во изборна трка. Бараме и нивно решавање не само констатирање. Оваа платформа е поради тоа што сме загрижени за животната средина, уверени сме дека постои волја за заштита на природата, заинтересирани сме за економскиот просперитет на државата и обединети околу заедничките проблеми“, рече Душко Христов од „Тричетврти балкански мостови Скопје ". Ќе побараме поддршка од политичките партии или нивен став за жешките точки кои ние ги таргетиравме“, рече Ненад Коциќ, од платформа „Зелена Македонија“. Животот во здрава животна средина не е желба,  тоа е потреба на која треба да работат сите, па и политичарите кои во наредниот период во име на подобро утре ќе го бараат гласот на народот. „Mодерен политичар или како они сакаат да се нарекуваат зелен политичар е оној политичар кој најбрзо ќе реши една жешка еколошка точка“, рече Игор Смилев. „Ние не сме против изградба на хидроелектрани, Свесни сме дека Македонија за неколку години треба да ги постигне тие критериуми за обновливи енергии. Меѓутоа ние сме против изградба на такви капацитети што прават големи еколошки проблеми“, рече Бардул Марко. Десетте еколошки жешки точки на платформата „Зелена Македонија“ се идентични со оние на Министерството за животрна средина. Поради што се смета дека конечно е дојдено времето кога тие заеднички ќе почнат да се решаваат.    

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза