Собраниски обвинувања наместо ратификација за договорот „Јужен поток“
Објавено во: Економија 26 Септември, 2013 14:03
Расправа за спогодбата за соработка меѓу владите на Македонија и Руската Федерација во однос на „Јужен поток“ и нејзина ратифификација е на дневен ред пред пратениците во Собранието.
- Целта на Договорот е обезбедување еколошки, поекономичен енергенс што ќе го поевтини природниот гас. Тоа ќе биде голем потенцијал за намалување на трошоците за работа на стопанските субјекти и оттука, за зголемување на конкурентноста на македонското производство, а крајниот бенефит ќе го почуствуваат и граѓаните вели заменик министерот за надворешни работи Зоран Петров.
Според Петров правната процедура при склучувањето на спогодбата во целост била испочитувана. Со ова, според пратеникот Јани Макрадули од СДСМ, власта, следните 30 години влегува во авантура драстично поразлична од европската политика во овој сегмент зашто за ЕУ,приоритет според Макрадули е трансадриатик проектот, а не „Јужен поток“.
- Процесот на гасификација го пратеа многу лажни ветувања и криминални активности, а ратификацијата е спротивна на законите. Со неа, на една компанија ќе и се овозможи да увезува по повластена цена, да добива јавни набавки по приоритет и сама да ја дефинира цената, вели Макрадули.
Ваквите ставови предизвикаа реакција од страна на заменик министерот за финансии Ардијан Џеладини кој рече дека ставоите на Макрадули немаат врска со реалноста.
- Не е добро да се потценува вака битен проект од кој бенефит ќе имаат сите граѓани, вели Џеладини.
Според пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ е дека овој договор е поштетен и од договорот за ОКТА.
- Македонија во идниот период ќе биде енергетски заложник од снабдувачот со гас. Ваков несериозен однос кон стратегиско прашање за државата не треба да помине, можеби треба да се распише и референдум, дали е ваквиот договор единствена опција, вели Николов.
Пратениците од СДСМ реагираа до власта бидејки на дискусијата по овој стратегиски проект за Македонија не е присутен ниту еден нејзин претставник.
Македонија го потпиша Договорот со Руската Федерација за соработка во изградбата на гасоводот Јужен поток на 23 јули годинава. Според договореното, Македонија се вклучува со крак, а дали тоа ќе биде од Србија или Бугарија ќе одлучи „Газпром“.
Гасоводот „Јужен поток“ треба да заврши до 2015 година, кога ќе протечат првите количини гас кон Централна и Јужна Европа. Капацитетот на гасоводот е 63 милијарди метри кубни годишно или 14 проценти од вкупните потреби на Европа. Македонија влезе во проектот „Јужен поток“ влезе мината година во јули, а изградбата на гасоводот започна во декември 2012 година.
Собраниската расправа за ратификацијата на Спогодбата беше прекината откако пауза побара пратеничката група на ДПА.
Можеби ќе ве интересира
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди




