Софија сака да биде консултирана за уставните измени, а Таравaри вели дека Хрватска има морнарица, ние не
Објавено во: Македонија 05 Април, 2023
Бугарија сака да биде консултирана за уставните измени кои треба да се случат во Македонија. Изјава во овој контекст даде бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков.
„Колку што знаеме веќе има некои опции за идни текстови кои се дискутираат таму кои биле прифатени при промена на уставот. Ние би сакале да бидеме дел од овој процес за да се одвива непречено. Би сакале да се консултираме за овие прашања“, рекол Милков, јавува Бугарското национално радио.
ВМРО-ДПМНЕ предложи промени на Уставот по хрватски модел. Но, претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, смета дека треба да го погледнеме моделот на Швајцарија или Белгија.
„Хрватска има одлична морнарица, но не можеме да ја земеме за пример затоа што ние немаме море“, вели Таравари во ексклузивно интервју за „Топ Њус”.
На прашањето за уставните измени и коментарот на новинарот дека се чини дека „СДСМ и ДУИ како да имаат став дека сега уставните измени сега се прават само за делот на вклучување на бугарската заедница, а не и за дефинирање на албанскиот јазик, од 20 проценти на албански јазик” додаде дека приговорите на неговата партија се направени по консултација со „стручњаци од сите области“.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кој е во посета на Македонија вели дека земјава сама треба да одлучи кој модел на уставни измени одговара.
Македонија мора да направи уставни измени за да ги продолжи преговорите со Европската Унија(ЕУ).