СОЛИДАРНИ СОСЕДИ: Бугарската минерална вода пристигна во Скопје, Србија праќа пожарникари
Објавено во: Балкан, Македонија 10 Август, 2016
22,3 тони минерална вода, обезбедена од државните шумски стопанства, вчера пристигна во Скопје како дел од хуманитарната помош што владата на Бугарија ја обезбедува за Република Македонија за надминување на последиците од поплавите во изминатите денови.
Испораката беше договорена на средбата вчера меѓу градоначалникот на Скопје Коце Трајановски и директорот на политичкиот кабинет на премиерот. Премиерот на Бугарија Бојко Борисов уште во неделата нареди да биде формирана организација од бугарските институции за укажување на целосна поддршка за Македонија за побрзо совладување на ситуацијата.
Од понеделник екипи од ГД „Пожарна безопасност и заштита на населението“ - МВР и од други институции се вклучија на место во операции за пронаоѓање и спасување на луѓе и одводнување и чистење домови поплавени од невремето.
Србија пак, на помош праќа 43 пожарникари.
Тие се упатени од Ниш, Крагуевац, Белград, Крушевац, Јагодини, а се во согласност со барањата од Македонија. Упатени се и 30 пумпи и 13 возила од пожарникарско спасувачките екипи, со цел да ја црпат водата од подрумите.
Како што е познато, штетите се огромни, оштетени се и патните правци, а најтешки се човечките животи кои ги однесе поплавата.
Пожарникарите овде ќе останат седум до десет дена, а ако е потребно и повеќе, изјавија српски официјални лица.