23 Мај, 2024
0.0304

Ниту од Кина, ниту други сомнителни патници за коронавирус досега не долетале во земјава

Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Во овие четири дена колку што се врши контрола на скопскиот аеродром, како превенција од опасниот коронавирус, не дошол ни еден сомнителен патник, односно никој немал зголемена температура, а не дошле ни патници од Кина. 

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на меѓународниот аеродром во Скопје ја посетија лекарската екипа која врши скрининг на патниците кои доаѓаат од Дубаи и Истанбул.

Скринингот се врши со термокамера за евентуална детекција на евентуални симптоми кај патници кои евентуално биле во контакт со луѓе заразени од вирусот или што доѓаат од поширокиот регион на Вухан во Кина, со оглед што сега не само што Вухан е затворен, туку и аеродромите во тој град.  

„Веќе е четврти ден како се прави овој скрининг. Се обезбедивме од неколку страни. Имаме секојдневна комуникација со Управата за цивилно воздухопловство која има директен линк со авиокомпаниите и ни укажуваат однапред дали на овие летови кои доаѓаат од овие две дестинации може да очекуваме патници коиа доаѓаат од Кина. Такви патници досега во нашата земја не се дојдени, ниту, пак, има со овој лет кој сега стигнува од Дубаи, но за секој случај ќе се спроведе скринингот“, рече Филипче. 

Откако е почната контролата, во овие 4 дена немало патници дојдени од Кина.  нема патници што доаѓаат од Кина. 

„Досега екипите на Центарот за јавно здравје не забележале ни една индикација, односно ни еден сомнителен патник, и се надеваме дека ќе нема нешто посериозно“, рече Директорот на Центарот за јавно задравје, Арбен Зибери.

По сите релевантни институции кои се дел од ланецот веќе е дистрибииран материјал за тоа како треба да се однесуваат ако се случи да се појават такви патници, а тие се освен Центарот за јавно здравје, и Здравствениот дом во Скопје, и Институтот за јавно здравје.

„Точно се знае што ќе се прави со секој сомнителен патник што ќе стигне на аеродромот. Доколку има пациоенти што имаат одредени симптоми, постои јасно одреден алгоритам како се постапува со изолација и мониторирање. Доколку има патници што доаѓаат од Кина но немаат никакви симптоми, се упатуваат на домашен мониторинг во период од две недели колку што траре инкубацијата и ќе добијат телефони на кои може да се јавуваат кај лекарите од овие институции, за да не бараат здравствена помош по другите здравсетвени установи, и така да се спречи евентуално ширењето на заразата“, рече Филипче.

На граничните премини, спшоред препораките на СЗО, не треба да се вршат проверки. 

Инаку, здравствените власти бараат и повеќе термални камери, но и повеќе заштитна опрема, однсно скафандери, доколку за тоа се јави потреба. 

Досега од коронавирусот починаа над 170 лица. 

На прашањето што Македонија е на 90 место во светот и последна во регионот за способност со справување од епидемии, Филипче рече дека земјава одлично се справила со морбилите. „Ја запревме за шест месеци и имавме само 4 смртни случаи. На другите земји кои наводно се подобри им требаше подолг перидод и имаа и до 100 смртни случаи“, рече Филипче.  

Можеби ќе ве интересира

„ДИЈАСПОРАТА ОВДЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ПРИМЕНА СО РАШИРЕНИ РАЦЕ, НО НЕ Е ТАКА“ - еве какво искуство имал иселеникот Митре Кутановски, слушајте во новиот поткаст на Фактор

„ДИЈАСПОРАТА ОВДЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ПРИМЕНА СО РАШИРЕНИ РАЦЕ, НО НЕ Е ТАКА“ - еве какво искуство имал иселеникот Митре Кутановски, слушајте во новиот поткаст на Фактор

ЈАНКУЛОСКА СЕ ПОФАЛИ: „Мојот син е прваче!“

ЈАНКУЛОСКА СЕ ПОФАЛИ: „Мојот син е прваче!“

Генералниот секретар Миле Зечевиќ поднесе оставка во СДСМ

Генералниот секретар Миле Зечевиќ поднесе оставка во СДСМ

АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ПОКРЕНАА ИНИЦИЈАТИВА ДО СИТЕ НАДЛЕЖНИ ОРГАНИ - бараат да се утврди одговорност за сите во Академијата за судии, за вработувањата за време на изборите

АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ПОКРЕНАА ИНИЦИЈАТИВА ДО СИТЕ НАДЛЕЖНИ ОРГАНИ - бараат да се утврди одговорност за сите во Академијата за судии, за вработувањата за време на изборите

Силјановска Давкова го посети Папата: Средба со Радев нема да има

Силјановска Давкова го посети Папата: Средба со Радев нема да има

„ШТО ФЕРМАН ИЗНАПИШАЛ ЗА ОСТАВКА- А ЌЕ ОСТАНЕ ЗАПАМЕТЕН КАКО ПОЛОШ ОД ОНОЈ IQ33“: Ванковска за Ковачевски и заминувањето од претседателското место на СДСМ

„ШТО ФЕРМАН ИЗНАПИШАЛ ЗА ОСТАВКА- А ЌЕ ОСТАНЕ ЗАПАМЕТЕН КАКО ПОЛОШ ОД ОНОЈ IQ33“: Ванковска за Ковачевски и заминувањето од претседателското место на СДСМ

ТАРАВАРИ НЕОДЛУЧЕН: Се мисли дали да биде Министер за здравство

ТАРАВАРИ НЕОДЛУЧЕН: Се мисли дали да биде Министер за здравство

Деспотовски по оставката на Димитар Ковачевски: Задоцнета одлука!

Деспотовски по оставката на Димитар Ковачевски: Задоцнета одлука!

МЕМЕТИ НЕ СМЕЕ ДА ЈА НАПУШТИ ДРЖАВАТА - судот му одреди мерки за претпазливост

МЕМЕТИ НЕ СМЕЕ ДА ЈА НАПУШТИ ДРЖАВАТА - судот му одреди мерки за претпазливост