16 Јануари, 2025
0.0267

СОНК против протестот на Наставничкиот пленум

Објавено во: Македонија 22 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Група на наставници самоиницијативно денеска излезе пред Министерството за образование да го искаже незадоволството од како што велат лошите реформи во образованието на Македонија.

Тие по чекорот на нивните ученици со свирчиња и транспаренти „Стоп за лошите реформи“ и „Доста беше молк“ мирно маршираа низ улиците на главниот град се до МОН каде што доставија анализа за она што сметаат дека не чини во образованието.

Според професорката Даниела  Николова-член на Наставничкиот пленум, во време кога токму образовните вредности се загрозени, задача и морална обврска на наставниците е да го одбранат својот професионален повик, бидејќи овој пат мотивот е поголем-наставниците учат од своите ученици.

Новите реформи во образованието, според Наставничкиот пленум, создаваат можности  учениците  од млади луѓе кои знаат да размислуваат, да станат уредни машини за меморирање на одредени податоци на краток рок. Во еден таков образовен систем, велат, се оневозможува развој на мислата, на интелектот каде нема напредок ниту  подобрување на квалитетот. Дополнително, сметаат дека во креирањето на образовниот  систем не им се дозволува на стучните и професионалните во својата област да креираат напредок, па се воведува  реформа заради реформа што не носи никакви резутати.

Но, овој нивен протест воопшто не му се допадна на СОНК.

Од таму реагираат преку соопштение во кое сметаат дека протестот е политизиран и го нагласуваат деполитизирањето на образованието и тргање на рацете од него на сите политички партии.

Според СОНК велат дека сите коишто се вклучени во образованието, а најмногу учениците, студентите и наставниците треба да се спротивставуваат на секој обид за нивно користење во дневно-политички потреби на политичките партии.

„На споменатиот протест без никаков аргумент и со јасна намера во негативен контекст е нападната и неодамнешната Спогодба помеѓу СОНК и МОН. Го отфрламе обидот за дневно-политички поени и остануваме цврсто на ставот дека Спогодбата во целост ќе биде применета - пишува восоопштението на СОНК до медиумите.

Потенцираат дека секоја одлучност да биде разбиен СОНК, од страна на која било политичка партија, нема да успее.

Од Наставничкиот пленум пак, после денешниот протест велат дека ова е нивен прв чекор кон вистински реформи.

„Со нашето присуство, со нашиот јавно кажан збор, збор на слободна критичка мисла за подобро образование, покажавме дека сме предводници во борбата за градење подобар образовен систем“, велат тие.

За Наставнички пленум, ова е сериозен исчекор во она што се нарекува јавно спротивставување на образовните политики и јавен повик за мораториум за насила донесените Закони за основно и средно обарзование, Законот за наставници и Законот за Академија на наставници.

„Со една емисија во медиумите и денешниот протест, ние го свртевме вниманието на граѓанската јавност која допрва ќе го каже својот став. Но ставот на раководството на СОНК за нас- членовите на НП кои истовремено сме и членови на СОНК, е целосно нејасен. Ова заради тоа што наместо поддршка, СОНК, заради својата немоќ за заштита на правата и интересите на наставниците, изразува страв и демонстрира подготвеност за етикетирање и обвинување на своите членови дека бранат политички туѓи интереси“, стои во нивната реакција.

Имено, потенцираат дека овој став на СОНК за наставниците е целосно неприфатлив и е во насока на преиспитување на потребата од членување во синдикална организација која опстојува благодарение на чланарината од членството, а повеќе од две децении носи одлуки кои не се во интерес на членството.

На крајот порачаа дека, оставени сами на себе, нашле начин на здружување и организирање во пленум и сите заедно ќе работат на остварување на своите права и интереси.

Можеби ќе ве интересира

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено