16 Декември, 2025
0.7814

Sony ги претстави новите технологии за извонредно аудио искуство

Објавено во: Мои пари 26 Јануари, 2015 14:43

Добивај вести на Viber

На меѓународниот саем CES 2015, кој се одржа во Лас Вегас на почетокот на Јануари, Sony претстави линија на иновативни технологии и производи кои овозможуваат уживање во чистината на звукот со висока резолуција каде и да сте. Walkman® NW-ZX2. Убавиот Walkman® NW-ZX2 доаѓа со низа подобрувања на дизајнот создаден за подобар квалитет на звукот и исклучителна цврстина на плеерот. Преку напредната технологија на S-Master HX - дигиталниот засилувач, која прецизно процесира огромна количина на широкопојасни аудио податоци, со што се намалуваат шумот и дисторзијата и се зачувуваат многу повеќе музички детали при конверзија од аудио во дигитално и преку моќното DSEE HX процесирање кое рекреира високофреквентни музички информации што се губат при компресирање на аудио фајловите. Walkman® NW-ZX2 ви овозможува да уживате во музика со огромна количина на детали, исто како да сте во студио или концертна сала. sonya12 Без оглед каков музички формат да одберете за слушање, Walkman® NW-ZX2 има два посебни осцилатори со време, кои овозможуваат целосно синхронизирана демодулација за чистота во звукот и бескомпромисни резултати без разлика на изворот на дигиталните содржини. NW-ZX2 е првиот Walkman® кој поддржува LDAC кодек, којшто овозможува пренос на податоци преку Bluetooth® три пати поефикасно од претходно. Овој модел доаѓа со 128GB внатрешна меморија и можност за проширување до 256GB (со опционална microSD карта), доволно простор за повеќе од 1700 песни зачувани во висока резолуција. Li-ion батерија на новиот Walkman® NW-ZX2 со голем капацитет дозволува емитување до 60 часа со едно полнење. sony Blu-ray диск плеери. Уживањето во исклучително висок квалитет на звук и слика на содржини кои ги стримувате од Youtube или слични сервиси, сега е возможно со новите Blu-ray диск плеери на Sony. Со елегантен изглед и унапредена Multi Input Multi Output (MIMO) технологија новите Blu-ray диск плеери ви овозможуваат побрз и постабилен сигнал за стриминг без препреки – било каде во домот. Со режимот за брзо стартување, сега можете да почнете да ги гледате избраните содржини за помалку од секунда. Новите Blu-ray диск плеери имаат моќ да го подобрат квалитетот и на звукот и на сликата на вашите DVD-а овозможувајќи ви да уживате во уште повисок аудио и видео квалитет на вашите омилени филмови или музика. За сите љубители на 3D филмови, Blu-ray плеерите на Sony симулираат 3D од обични 2D дискови. Доволно е само да ги ставите очилата од вашиот 3D TV и да се внесете во екстра димензија на вашите омилени филмови и серии. sonya1 За љубителите на високо квалитетниот звук и слика, Sony разви неколку апликации. Screen mirroring е опција која ви овозможува да ги гледате содржините од вашиот телефон или таблет на голем екран. Апликацијата ТV SideView пак ќе ви овозможи да ги погледнете деталите за филмот или видеото кое што го гледате и да го контролирате плеерот од екранот на вашиот мобилен телефон. Доколку сакате да уживате во аудио со висока резолуција во повеќе соби низ домот, новата SongPal Link апликација ви го овозможува токму тоа. Можете дури и да го префрлите она што го слушате на вашиот паметен телефон или таблет на звучниците во домот со новата апликација Google Cast која Sony и Google заеднички ја развија за да ви овозможат нов и лесен начин за да уживате во услуги за стримување вклучувајќи Google Play Music, Deezer и многу други на вашите звучници дома.

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави