15 Јануари, 2025
0.1324

СОПИШТЕ: 800 далечински модули ќе ја исчитуваат потрошената вода на домаќинствата

Објавено во: Македонија 01 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Конечно се решава водоснабдувањето во една од најеколошките  општини во земјава.

Денеска беа поставувани  далечински модули кои значајно ќе им ја олеснат работата на инкасаторите.

Со нив ќе се овозможи брзо читање на состојбата на водомерот без директен контакт на инкасаторите со потрошувачите а далечинските модули се поврзани со блутут.

Надлежните велат дека на овој начин ќе се стабилизира водоснабдувањето.

2, 2 милиони евра е планирано да чини изведбата на водовод во Сопиште а со проектот треба да се зафатат водите на Патишка река, но и да се изведе цевковод во должина од 22 километри што ќе ја носи водата до населените места. Покрај за обезбедување на питка вода за пиење на постоечките села, новиот систем за снабдување со вода треба да се искористи и за приклучување на елитната населба Сончев град.

Општина Сопиште ја избра фирмата „Бауер БГ“ од Скопје за изградба долгонајавуваниот систем за снабдување со вода за пиење за населените места на територијата на оваа општина. Реализацијата на регионалниот водовод Патишка река ќе се одвива во временски период од 18 месеци. Според податоците објавени на веб-страницата на Бирото за јавни набавки, изведбата на водоводната мрежа ќе чини 140.335.956 денари, или околу 2,2 милиони евра. Изведувачот на работите е избран врз основа на селекцијата помеѓу осум градежни компании кои доставиле свои понуди на распишаниот тендер.

Можеби ќе ве интересира

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос