Сопрена предстечајната постапка за ТВ Нова
Објавено во: Македонија 24 Април, 2018 08:58
Телевизија Нова на бизнисменот Сеад Кочан за која денеска во судот имаше закажано рочиште за отварање стечај, ќе продолжи да работи.
Деновиве било повлечено барањето за отварање на предстечајна постапка доставено од Телекабел, откако ТВ Нова го подмирила долгот кон нив. Со тоа се прекинува целата постапка која што беше започната.
Иако долговите кон Телекабел се подмирени, телевизијата се уште должи на УЈП и на вработените за шест неисплатени плати.
Но, и покрај тоа вчера на огласната табла во ТВ Нова преку соопштение менаџментот се барало сите вработени да се вратат на работа, бидејќи од
денеска започнуваат со активно продуцирање на програма.
На оние кои што нема да се вратат на работа им се заканува отказ.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




