21 Мај, 2024
0.0271

СОЖИВОТОТ СО РУСИТЕ МОЖЕ ДА „ПУКНЕ“: Дали Молдавците се плашат од војна?

Објавено во: Свет 08 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Некои луѓе се плашат од војна, некои не, вели за Фактор, Корина Ершов, фриленс преведувач кој работи на конференции и проект менаџер во локална добротворна невладина организација во Молдавија.

Таа објаснува дека иако Молдавците и Русите имаат мешани бракови, живеат во исти градови, студираат или работат заедно, темата за сепаратизам не е тајна. Молдавците будно следат што се случува во Украина,  какви закани упатуваат руските политичари кон Молдавија и размислуваат дали постои реална закана од војна.

„Во Молдавија имаме околу 13 отсто руско население. Значи во општеството има различни мислења за војната, во зависност од тоа кого прашувате. Некои луѓе се плашат од војна, некои не. Многу луѓе веруваат дека ако Русија направи какви било чекори кон Молдавија, меѓународната заедница би се вклучила, бидејќи веќе нема да се работи само за регионален конфликт меѓу две држави. Уште една важна работа: најмалку 60 отсто од нашето население има двојно државјанство: молдавско и романско. Романија е во ЕУ, па некои луѓе веруваат дека автоматски ќе добиеме заштита од нашата соседна држава Романија. Мнозинство од локалното население верува дека Русија може да го преземе само регионот на сепаратистите во Придњестровје“, раскажува Ершов.

Таа додава дека ситуацијата не е црно-бела, но темата за можна војна ги засега сите. За себе вели дека може слободно да оди, да го посети Придњестровје,  иако меѓу Русите и Молдавците во земјата имало непријатни дискусии, но тоа не одело до степен да прерасне во  меѓунационални тепачки меѓу обичните граѓани. За Русите кои денес живеат во Молдавија, објаснува дека дел се родени во Русија, а помладите во Молдавија. Смета дека постарите припадници на руското малцинство се порадикални затоа што биле дел од Советскиот сојуз.

„Русите се добро интегрирани во нашата заедница, поради нашата стара историја (советска). Во моментов многу од нив не се согласуваат со проевропската политика на нашата земја. Тие веруваат дека ЕУ ги губи основните човечки вредности (како семејства составени само од маж и жена)“, додава Ершов.

Но, сите граѓани на Молдавија не сакаат да говорат многу на оваа тема, затоа што ја сметаат за чувствителна.

„Пораснав зборувајќи ги двата јазика и имам семејство со украински, руски, белоруски, казахстански корени. Училиштата беа сегрегирани кога јас растев, иако ги учевме двата јазика во секое училиште. Новите влади имаа политика на затворање на училиштата на руски, така што денес остануваат сè помалку. Мислењата на луѓето се сигурно различни по ова прашање, некои се поуплашени од другите. Ја напуштив Молдавија пред повеќе од 14 години, така што не сум најдобриот човек да зборувам за тоа како се чувствува населението“, додава друга Молдавка.

Инаку, неодамна рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Молдавија може да биде следна Украина и дека молдавската претседателка Маја Санду е како украинскиот претседател Володимир Зеленски. На ова, молдавските власти одговорија дека тие го одбрале својот пат и сакаат да одат во ЕУ.

Регионот Придњестровје се отцепи од тогашната советска Молдавија во 1990 година. По распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, проруските сепаратисти водеа крвава војна со молдавските владини сили. Но, оваа територија иако Русија ја смета за своја, не е меѓународно признаена како независна.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

„ПОЛИТИКО“: Украина и Молдавија идниот месец почнуваат преговори со ЕУ?

„ПОЛИТИКО“: Украина и Молдавија идниот месец почнуваат преговори со ЕУ?

ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД АВИОНОТ ПО СТРАШНИТЕ ТУРБУЛЕНЦИИ: летот од Лондон до Сингапур се покажа кобен за едно лице (ФОТО)

ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД АВИОНОТ ПО СТРАШНИТЕ ТУРБУЛЕНЦИИ: летот од Лондон до Сингапур се покажа кобен за едно лице (ФОТО)

НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СОСТОЈБАТА НА ПРЕМИЕРОТ НА СЛОВАЧКА: Тој е свесен и комуникативен

НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СОСТОЈБАТА НА ПРЕМИЕРОТ НА СЛОВАЧКА: Тој е свесен и комуникативен

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТ СИНЏИР ЗА ХРАНА ВО САД: Продаваа јастози за оние со помали џебови, на крајот пропадна

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТ СИНЏИР ЗА ХРАНА ВО САД: Продаваа јастози за оние со помали џебови, на крајот пропадна

ПРСТ КОН МАКРОН: Французите се единствените западни сојузници кои го поддржаа барањето на Хаг за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху

ПРСТ КОН МАКРОН: Французите се единствените западни сојузници кои го поддржаа барањето на Хаг за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху

Е ОВА Е КОМПАНИЈА КАДЕ ВРЕДИ ДА СЕ РАБОТИ: Ги наградува вработените со бонуси од осум месечни плати

Е ОВА Е КОМПАНИЈА КАДЕ ВРЕДИ ДА СЕ РАБОТИ: Ги наградува вработените со бонуси од осум месечни плати

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи

ЕВЕ ШТО КАЖА НЕТАНЈАХУ ЗА НАЛОГОТ ЗА АПСЕЊЕ: „Нема да ме спречи“

ЕВЕ ШТО КАЖА НЕТАНЈАХУ ЗА НАЛОГОТ ЗА АПСЕЊЕ: „Нема да ме спречи“

ИРНА: Техничка неисправност предизвика пад на хеликоптерот во кој загина Раиси

ИРНА: Техничка неисправност предизвика пад на хеликоптерот во кој загина Раиси