SpaceX истрела ракета носач со десет сателити
Објавено во: Свет 23 Декември, 2017
Американската компанија SpaceX изјави дека успешно извела во орбитата десет телекомуникациски сателити Iridium NEXT со ракета-носач "Falcon 9", пренесоа агенциите и американските медиуми.
Ракетата носач била истрелана од американската воздухопловна база Ванденберг во Калифорнија. Тоа беше 18-то и последно лансирање за оваа година на американската компанија.
Првата фаза на ракетата беше искористена на лансирање во јуни оваа година.
SpaceX има нарачка да изведе во орбитата 75 сателити на компанијата Iridium communications. Се очекува работата да заврши до средината на 2018 година.