21 Мај, 2024
0.0388

СПАСОВСКИ ПРЕДУПРЕДУВА: БИЛО ДА Е СОПСТВЕНИК НА ВИЛА, КУЌА ИЛИ ГРАЃАНИН КОЈ УЧЕСТВУВА ВО ГРУПИРАЊА - ќе заработи кривична пријава

Објавено во: Македонија 27 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

За Нова Година, но и за другите празници, ќе има засилени контроли по викендиците, становите и апартманите, и никој нема да биде изземен од одговорност доколку организира журки и забави со групирања.

Ова го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Според него, ваквите дејствија подлежат на кривична одговорност за загрозување на здравјето и безбедноста на граѓаните. 

„Имаме акционен план кој ќе го спроведеме во текот на празниците, за Нова година, за Божиќ секој ден ќе има контроли со цел растурање на забави како она што се случи онаа синоќа во Волково. Таков настан имавме и во Куманово растуривме семејна веселба, така и ќе продолжиме. Уште еднаш апелираме, да прославуваме одговорно, да го сочуваме здравјето на граѓаните. Еве имаме тенденција на намалување на ширењето на вирусот, затоа да бидеме дома за празниците, да бидеме безбедни. Секој кој нема да почитува, било тоа да е сопственик на вила, куќа или граѓани кои учествуваат во тие настани на сите ќе им бидат поднесени кривични пријави за нарушување на здравјето на граѓаните. Ова е оперативен план, го разработуваат полициските служби и согласно него секаде и во секое време, имаме екипи и тие се подготвени да излезат на терен по секоја дојава, сознание или пријава. Откако ќе се констатира одговорност полицијата го известува Јавниот обвинител и тој постапува согласно законските прописи“, рече Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ТРОЈЦАТА ГОЛЕМИ СИГУРНО НЕ СЕ, НО КОЈ Е ОД ПОМАЛИТЕ, УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ - има ли нов играч во хотелиерската компанија

ТРОЈЦАТА ГОЛЕМИ СИГУРНО НЕ СЕ, НО КОЈ Е ОД ПОМАЛИТЕ, УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ - има ли нов играч во хотелиерската компанија

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

СИ ЛЕГНУВААТ СО МИСЛАТА ШТО ЌЕ ЗГОТВАТ УТРЕ ЗА ЈАДЕЊЕ: Се зголемил бројот на граѓани кои имаат потреба од помош во оброци

СИ ЛЕГНУВААТ СО МИСЛАТА ШТО ЌЕ ЗГОТВАТ УТРЕ ЗА ЈАДЕЊЕ: Се зголемил бројот на граѓани кои имаат потреба од помош во оброци