Спасовски тврди дека Груевски ќе се врати и ќе оди в затвор
Објавено во: Македонија 23 Декември, 2020
Груевски ќе се врати и ќе ја одлежи казната, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во гостувањето на Телевизија 24.
Тој ова го кажа коментирајќи ја работата на МВР и критиките за бегството на поранешниот пемиер Никола Груевски. Груевски е осуден во случајот „Тенк“, но тој избега во Унгарија, каде доби политички азил. Тој тврдеше дека избегал затоа што се плашел од ликвидација. Груевски редовно преку својот Фејсбук профил ги коментира политичките настани во земјава.