Добивај вести на Viber
Што донесе дебатата во Собранието? Јалова и несуштинска дебата, во која видовме еден куп обвинувања и контра обвинувања, како што му личи на македонското општество. Тоа го донесе вчерашниот, навидум толку обичен собраниски ден, а толку специјален за партиските ученици на Власта и опозицијата. Се судрија, пратениците чиј основен занает е политиката, далеку од проблемите на обичниот човек, далеку од проблемите со кое на економско поле се судрува секој македонски граѓанин. Затоа и дебатата за економските успеси и неуспеси беше празна, реторички измазнета, но суштински бледа. Како и не би била кога доминираа обвинувањата за шверцот со нафта од 90 тите, за продажбите на ОКТА и ЕСМ. И освен дека сега пораснале цените, други аргументи за „криминалните“ приватизации не видовме. Се прашуваше за девалвации, инфлации, но без материјална расправа по ваквите прашања.
Но, ние веќе се навикнавме, да ги слушаме и Емилијан, и Малиша, и Владанка, и Димовски и Макрадули, И Бонева и Бендевска, и уште стотина на кои името им е премногу сложено за мојава спектаторска перцепција. Од сите нив многу повеќе не се очекуваше. А прашања и теми за разговор имаше многу.
На пример, зошто ниедна од двете влади, на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ досега не го постави прашањето за реформа на админстрацијата? Јасно е дека двата антипода на македонската политичка сцена немаат што многу повеќе да си кажат на оваа тема, оти и едните и другите ја филуваа, да не кажеме, ја силуваа, оваа суштинска гранка на секоја економија, од која зависи, брзината, ефикасноста, применливоста на законите, непристрасноста, неселективноста. Се она што денес го немаме во Македонија. А, тоа е така, затоа што двете партии со години наназад мораа да ги вработуваат своите лепачи на плакати, кои, мајка му расплакаа на буџетот, па тој во последниве десет години порасна двојно. Но, таква дебата вчера немаше.
Или, зошто Македонија, и нејзината економија, последниве 6 години за увоз на струја платија фантастични 1 милијарда долари. Затоа што СДСМ му го продаде ЕСМ на ЕВН, или затоа што ВМРО не му дозволи на ЕВН да гради термоцентрала во далечната 2006 та година? Со тие пари, за струјата, досега ќе се изградеше уште еден РЕК Битола, и сега немаше да увезуваме, ами ќе извезувавме струја. Па, па, па. ние на толку арно не сме навикнати.
Или како да се зголемат стапките на раст на економијата. Може Турција да расте, може Албанија да расте, ама ете ние не можеме, толку ни била силата. Па, толку ни е силата кога во 2012 година се држиме до исти принципи на монетарна поилтика како во 1998 година, а во меѓувреме не тепаат една голема финансиска, и една европска должничка криза. Среќа што банкиве македонски постојат сами за себе, па ништо не ги допира! Нејсе, не чувме суштинска економска дебата, во која нема само да ги броиме невработените и жртвите, што на транзицијата, што на преродбата, ама помина уште еден собраниски ден.
„Виде, шефе, како ги растепавме“, е вообичаената последебатна реплика на поклон кај лидерот, како самозадволство од напорната работа. Но, денешниот саботен ден нема да направи голема разлика, бизнисмените ќе си ги чешаат рацете во надеж дека ќе го видат премиерот, невработените ќе чекаат некој денар од мама и тато, баба или дедо, на кои им се најави зголемување на пензиите, сметките за струја ќе стасаат зголемени за 10 проценти. За среќа лекарите и стечајците не најавија протести, оти градот денес ќе беше врвулица од контрапротестанти. Седете си мадро, вечер е Бела ноќ!
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.