21 Мај, 2024
0.2206

СПЛАСНУВА ПРИТИСОКОТ ВРЗ БОЛНИЦИТЕ - има 320 слободни кревети во ковид центрите

Објавено во: Македонија 27 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Спласнува притисокот врз домшните болници.

Според последните бројки на Министерството за здравство, сега има помалку болни што се лекуваат во домашните ковид центри, а повеќе слободни кревети во однос на претходно.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.036 и има околу 320 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 610 пациенти позитивни и суспектен на коронвирусот. 

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 44 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. 

На  инфективното одделение во Тетово има 34 пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 82 пациенти позитивни и суспектни  на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 74 во ковид центарот во Гостивар 40, а во Струга 37 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 55 пациент, во Кочани 15 во Кичево 18, Кавадарци 35, во  Гевгелија 14 лица, а во Дебар 6 позитивни  и суспектни на корона вирусот. 

Можеби ќе ве интересира

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ТРОЈЦАТА ГОЛЕМИ СИГУРНО НЕ СЕ, НО КОЈ Е ОД ПОМАЛИТЕ, УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ - има ли нов играч во хотелиерската компанија

ТРОЈЦАТА ГОЛЕМИ СИГУРНО НЕ СЕ, НО КОЈ Е ОД ПОМАЛИТЕ, УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ - има ли нов играч во хотелиерската компанија

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

СИ ЛЕГНУВААТ СО МИСЛАТА ШТО ЌЕ ЗГОТВАТ УТРЕ ЗА ЈАДЕЊЕ: Се зголемил бројот на граѓани кои имаат потреба од помош во оброци

СИ ЛЕГНУВААТ СО МИСЛАТА ШТО ЌЕ ЗГОТВАТ УТРЕ ЗА ЈАДЕЊЕ: Се зголемил бројот на граѓани кои имаат потреба од помош во оброци