Мобилното банкарство e во подем – се повеќе корисници користат НЛБ мКлик за извршување банкарски трансакции
Објавено во: Мои пари 29 Јануари, 2025
Денес повеќе од 69% од светското население користи мобилен телефон за добивање на основни и напредни дигитални услуги, од кои голем дел се однесуват на трансакции поврзани со мобилно банкарство. A токму онлајн банкарството е третата најпопуларна активност кај корисниците на паметни телефони во годината која измина, и се чини дека неговата популарност ќе продолжи да расте и во иднина.
Овој тренд се пресликува и локално. Податоците од Народната банка на Република Северна Македонија за третиот квартал од 2024 покажуваат дека граѓаните извршиле 65% од вкупниот број електронски иницирани платни налози преку мобилните платежни апликации, што покажува дека мобилните апликации за плаќање стануваат сѐ попопуларни, бидејќи нудат побрзи и поедноставни решенија за иницирање на платежните трансакции.
Овој тренд ни го потврдија и од НЛБ Банка, и дополнително не информираа и дека нивната мобилна апликација за онлајн плаќања, НЛБ мКлик, бележи сè поголема популарност кај физичките лица, благодарение на нејзината функционалност и огромни предности во однос на традиционалното, „шалтер банкарство. Според податоците за 2024 кои ги добивме од Банката може да се забележи дека НЛБ мКлик е сè повеќе прв избор на нивните клиенти за извршување на банкарски трансакции бидејќи им овозможува брзо, навремено, но и безбедно плаќање преку мобилен телефон.
„Речиси 70% од нашите активни клиенти, физички лица, ја имаат мКлик апликацијата, а нашите анализи покажуваат раст од 15% во бројот на трансакции преку мобилното банкарство кај физичките лица споредено со мобилните транскации направени во 2023. Учеството на електронски трансакции во вкупниот број на трансакции на физички лица изнесува 62%, додека трансакциите на физичките лица направени преку НЛБ мКлик мобилното банкарство учестуваат со 91% во вкупниот број на сите електронски трансакции на физички лица на Банката.“ – истакнуваат од НЛБ Банка, аргументирајќи ги статистиките со финкционалностите и предностите на нивната мобилна апликација.
НЛБ мКлик, банка на дланка
НЛБ мКлик нуди пристап до банкарските податоци во кое било време и од кое било место: проверка на состојбата и прометот на сите сметки - депозити, картички и кредити; извршување на сите плаќања со само еден клик - интерни трансакции, режиски трошоци и останати плаќања кон физички и правни лица; промена на лимитот на кредитните картички и низа други.
Апликацијата ја содржи опцијата „Плати на пријател“ која на корисниците им овозможува префрлување и примање на парични средства, едноставно со избирање на телефонски број од именикот, и опцијата „Подели сметка“ која, повторно преку именикот во телефонот, овозможува вкупната сума од сметката да се подели на онолку лица на колку што е тоа потребно.
Дополнителна придобивка е можноста за аплицирање за потрошувачки кредит директно преку мобилен телефон, целосно автоматизиран и дигитализиран процес со време на одобрување од 10-тина минути, по што средствата се веднаш на сметката на клиентот.
Корисниците на НЛБ мКлик во секое време можат да купат и осигурителна полиса, како и да добијат информации за останатите небанкарски продукти достапни во мрежата на Банката, преку директни линкови во самата аликација кои водат до соодветните веб страници.
Воедно, НЛБ Банка постојано инвестира во мобилната НЛБ мКлик апликацијата, во нејзина техничка надградба со нови решенија, подобрување на дизајнот и унапредување на корисничкото искуство.
Мобилното банкарство на НЛБ Банка, освен што заштедува време, заштедува и пари бидејќи трошоците за сите електронски налози извршени преку НЛБ мКлик апликацијата се 50% до 70% пониски од трошоците за хартиените налози извршени во експозитура.
Апликацијата НЛБ мКлик може да се преземе бесплатно од платформите PlayStore или AppStore, во зависност од оперативниот систем на корисничкиот уред.
пр објава