16 Декември, 2025
0.0519

Спортскиот центар Борис Трајковски ќе продолжи да го слави своето име со победи!

Објавено во: Мои пари 26 Февруари, 2015 14:14

Добивај вести на Viber

Oдбележана 11-годишнината од трагичната несреќа во која животот го загуби Претседателот Борис Трајковски.

Единаесет години по трагичната несреќа во која го загуби својот живот, Претседателот Борис Трајковски сеуште претставува инспирација – личност на која со гордост се сеќаваме и чие дело го славиме. Во негова чест, пред најголемиот спортски комплекс во државата кој воедно го носи неговото име, беше поставено спомен цвеќе во чест на неговиот живот и дело.

Пред споменикот на Претседателот Трајковски на платото пред СЦ Борис Трајковски, покрај Директорот Златко Перински, почит оддадоа и Претседателот на Советот на Општина Карпош, г-дин Сашо Лазаревски, Директорот на Агенција за млади и спорт, г-дин Марјан Спасески, претставници на РК Металург, претставници на Спортското радио, претставник на Фондацијата „Борис Трајковски”, како и Претседателот на Сојуз на спортови на Македонија, г-дин Борче Боев.

Како што нагласи и Директорот на СЦ Борис Трајковски, г-дин Златко Перински, 26-ти февруари е ден исполнет со тага, но и гордост. Тага, бидејќи Република Македонија, пред 11 години, загуби човек со врвни професионални и морални вредности. Но и гордост, бидејќи неговото име живее и претставува симбол за институција која на Македонија и македонскиот народ донесе многу радост, и ќе продолжи да биде место на големи спортски победи на македонски спортисти, тимови и репрезентации.

[gallery ids="147167,147168,147165,147164,147163,147162,147161"]

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави