17 Декември, 2025
0.0481

Спречен пожар од поголеми размери помеѓу селата Стар Истевник и Панчарево

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2022 21:24

Добивај вести на Viber

Спречен пожар од поголеми размери помеѓу делчевски Стар Истевник и пехчевското село Панчарево.

Пожарот е локализиран, а интервенцијата, како што информираше пожарникарот Јонче Атанасовски се одвивала по непристапен терен, во густа борова шума.

-Во пожарот опфатена е површина од еден хектар. Првично е интервенирано со три пожарникари, еден доброволец од ДПД ,,Волонтер” од Делчево и едно лице од месното население. Потоа се приклучија и пет лица од пехчевското доброволно друштво и од комуналното претпријатие, рече Атанасовски.

Пожарот, како што додаде делчевскиот пожарникар, целосно е локализиран вечерва, околу 19 часот.

Во Делчевско во изминатите шест дена делчевските пожарникари интервенираа на три пожари во шумски предели и еден во станбен објект. Најмногу штета предизвика пожарот кај месноста Енѓовски колиби помеѓу Тработивиште и Разловци, во кој изгоре дабова и борова шума од околу 50 хектари.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски