Средба Кучи-Алтхаузер, соработката со Германија одлична за економијата
Објавено во: Македонија 21 Септември, 2016
Дритон Кучи, министерот за економија на денешната средба со германската амбасадорка Кристине Алтхаузер ја потврди одличната економска соработка со Сојузна Република Германија како еден од најголемите трговски партнери, а германски компании учествуваат и во странските директни инвестиции.
- Очекуваме до крајот на годината, бројот и вредноста на странските инвестиции да се зголеми, а со тоа и вработеноста. Македонија има идеални услови за германските инвеститори, кои можат да се приклучат во изградба на дел од проектите, особено од сферата на енергетиката, рече министерот Кучи.
Амбасадорката Алтхаузер во текот на средбата на министерот за економија му врачила покана за учество на Регионалниот економски форум на Комитетот за Источноевропски економски односи на германското стопанство, што ќе се одржи на 27 и 28 октомври во Будва, форум кој е дел од Берлинскиот процес.