СРЕДБАТА НА МЕРКЕЛ И МАКРОН ЗАВРШИЛА: Има ли одлука за датумот на Македонија?
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2019 22:43
За тоа дали вечерва се разговараше и за датумот за преговори за Северна Македонија не успеавме да дознаеме. Според дипломатските извори од Брисел, Франција е единствената која смета дека „Северна Македонија не ги исполнува потребните услови“ за почеток на преговорите. Ставот на Емануел Макрон е изолиран, бидејќи пред осум дена четворицата први луѓе на европските институции повикаа во заедничко писмо за започнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија. Ова одбивање предизвикува незадоволство кај европските дипломати, кои го обвинија Париз дека ја загрозува стабилноста на Балканот, за чија стабилност Париз официјално се залага. Ова уште повеќе што на два пати ЕУ одлучи да го одложи започнувањето на преговорите, пренесе МИА.
Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел вечерва во Париз имаа работна вечера, на која според најавите меѓудругото требаше да разговараат и за отворањето преговорите на Европската Унија со Северна Македонија, откако германскиот Бундестаг даде зелено светло за тоа.
Работната вечера на претседателот Емануел Макрон и канцеларката Ангела Меркел е пред се посветена на подготовката на идниот заеднички состанок на француската и германската во Тулуз во предвечерието на европскиот самит во Брисел. На менито многу отворени прашања: Брегзит, назначувањето на европската комисија и турската воена интервенција во Сирија, јавува дописникот на МИА.
Двајцата лидери непосредно пред вечерата се осврнаа наофанзивата на Турција против курдските сили во Сирија, која, како што рече Макрон пред Меркел вечерва во Селисејката палата „најверојатно ќе создаде неодржлива хуманитарна ситуација и ќе и помогне на групата Исламска држава повторно да се појави во регионот“.
-Наша заедничка желба е оваа офанзива да престане. Ние сме уверени дека оваа офанзива го носи ризикот од една страна, на терен да се создаде неодржлива хуманитарна ситуација и од друга страна да и помогне на Даеш (Исламската држава) повторно да се појави во регионот, рече Емануел Макрон, кој од 22 часот вечерва заседва со Советот за одбрана.
-Зборував со претседателот Ердоган еден час, мора да ги земеме предвид интересите и безбедноста на Турција. Но, исто така сметаме дека мора да ставиме крај на оваа турска инвазија, затоа што има хуманитарни причини и не можеме да ја прифатиме оваа ситуација против Курдите , додаде Ангела Меркел.
Макрон нагласи дека соочени со оваа ситуација ќе останат координирани. Тој ги ги повика Европејците да се обединат во „овој тежок и понекогаш вознемирувачки европски и меѓународен момент“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТА НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕВОИ - Ѓавато и Пресека под магла
„Проектите без економска логика не носат развој, туку најчесто значат корупција“: професорот Трајковски со остра критика
По Ковид пандемијата, македонското општество се соочува со „епидемија“ на семејно насилство
ЕВЕ КАКО ТЕЧЕ ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР: Николоски сподели видео на социјалните мрежи
Охриѓанец по кого се трагало неколку дена е пронајден мртов
СПОРЕД СДСМ РАБОТАТА НЕ Е ЗАВРШЕНА - СПОРЕД ВМРО НЕМА ДОКАЗИ: случајот со фирмата поврзана со Томовски и денеска бранува
„МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА СТАНЕ ПУНКТ НА ТУЃИ МИГРАНТСКИ ПОЛИТИКИ“: Арсовска сподели видео за темата која бранува деновиве
„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата“: СДСМ и денеска бараат одговорност од Томовски
Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак





