Добивај вести на Viber
Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје најави дека за утре се планирани повеќе зафати во електро-дистрибутивната мрежа поради што без струја ќе останат неколку населби во Скопје.
Во периодот од 9 до 15 часот преки на струјата ќе има на Средно Водно, дел од село Горно Нерези, Горни Крушопек, село Кучевишта и горниот дел на селото Копаница.
Еден час без струја, односно од 8 до 9 часот ќе останат корисниците од Гази Баба - Јеловица, Виделго и Макошпед.
Според највите од ЕВМ Македонија, прекините се прават поради инвестициските зафати за подобрување со снабдувањето со електрична енергија.