Средношколците во Струга и Кичево во четврток се враќаат во училишните клупи
Објавено во: Финансии, Корона Вирус 07 Септември, 2021
Учениците од Струга и Кичево ќе се вратат во училишните клупи во четврток, објави Алсат-М.
Вo среда завршува препораката од Комисијата за заразни болести наставата да се одвива онлајн за средните училишта во овие два града. Сепак, во сила останува одлуката за Тетово и Гостивар, каде уште на почетокот беше одлучено дека онлајн ќе се учи во првите две недели.