16 Јануари, 2025
0.0918

Средношколски пленум бара јавна дебата со Унијата на средношколци

Објавено во: Македонија 02 Април, 2015

Добивај вести на Viber

После вчерашниот масовен протест на кој маршираа средношколците против новиот концепт на државната матура , Средношколскиот пленум изразува желба за соочување со средношколската унија на јавна дебата преку која претставниците на овие две структури ќе ги соочат своите ставови и аргументи, и отворено ќе дискутираат за своите барања.

„Средношколскиот пленум е автохтоно, и автономно движење кое се бори, и ќе се бори за правата на сите средношколци, без разлика на нивната партиска, верска, и друга лична определба. Сметаме дека е несериозно да се нафрлуваат обвинувања за нелегитимност од страна на организација за која ниту нејзините претставници не се свесни дека е формално-правно неактивна“, велат од овој пленум.

Тие побараа доколку  средношколската унија  се смета за легитимен претставник кој ги штити правата на средношколците, во рок од 24 часа да се изјасни по оваа покана за јавна дебата.

Со маски на лице (нели 1 април е денеска), свирчиња во уста, транспаренти во раце вчера средношколците гордо и исправено чекореа кажувајќи ги на цел глас аргументите зошто не сакаат математика да биде задолжителна за сите и упатија последна опомена до министерот Адеми да ги повлече новите Законски измени онака како што бара Средношколскиот пленум а не Унијата на средношколци.

Освен укинување на математиката како задолжителен предмет на матурата, средношколците бараат укинување на екстерното тестирање, враќање на стариот концепт за полагање државна матура, и отфрлување на електронското тестирање.

Средношколсиот пленум децидно се изјаснува дека се оградува од одлуката на МОН, нејзините барања и следствено, од донесеното решение на состанокот со МОН. Велат дека нема да подлегнат на никакви притисоци и ниски манипулации и ќе продолжат со борбата за подобро образование. „

Можеби ќе ве интересира

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено