19 Декември, 2025
0.0513

„Среќно семејство“ – наградна игра на ЕВН Македонија

Објавено во: Мои пари 19 Мај, 2014 18:49

Добивај вести на Viber

Корисници кои редовно и во рок ги плаќаат своите сметки за електрична енергија ќе имаат можност да бидат учесници во новото наградно шоу „Среќно семејство”. Секој втор понеделник, пред централниот дневник на националната телевизија Алфа, ќе се емитува наградна игра - низ четири забавни игри, три среќни семејства ќе се натпреваруваат за парични награди од 1.000, 500 и 300 евра. Извлекувањето на учесниците е по случаен избор, преку компјутерски систем. „Игрите се едноставни, возбудливи и интересни за сите генерации. Секое семејство што ќе учествува може лесно и низ смеа да ги заврши. „Среќно семејство“ е шоу какво што одамна немало на македонските медиуми и е вистинска можност гледачите да се потсетат на некои игри што се „класици”, но и нови изненадувања“, соопштуваат од ЕВН Македонија. Во првото издание на „Среќно семејство“ тимовите ќе се натпреваруваат за награден фонд кој ќе биде дониран во хуманитарни цели. Семејствата на познати личности ќе играат за интернатот „Гoце Делчев“ од с. Љубанци, за Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје и за Здружение на граѓани за третман на лица со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“ - Скопје. „ЕВН Македонија постојано ја вреднува довербата на своите корисници. Веќе традиционално организира наградни игри за редовните плаќачи. Во изминатиот период, воведени се низа услуги со кои на корисниците им се олеснуваат плаќањето на сметките. Сега корисниците можат да ги добијат сметките по електронска пошта, да ги плаќаат онлајн, состојбата на сметката да ја проверуваат преку говорен апарат. Сметките можат да ги плаќаат без провизија во било која банка, пошта и наплатен пункт на ЕВН Македонија“, додаваат од компанијата. „Среќно семејство“ започнува вечерва, ќе се емитува на ТВ Алфа секој втор понеделник во 19:15 часот веднаш по завршувањето на централниот дневник. Истиот ден емисијата ќе се емитува и на ТВ Алсат во 22:15 часот на албански јазик. Репризните изданија на наградната игра на двете телевизии ќе се емитуваат за време на викендот. Секое семејство е потенцијален учесник. Сè што треба да направите е да ја платите сметката за електрична енергија и да очекувате да бидете извлечени.

Можеби ќе ве интересира

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година