19 Декември, 2025
0.0648

ССМ: Бесими да си прочита што му е предвидено во Закон и во Колективен договор

Објавено во: Македонија 27 Мај, 2022 15:25

Добивај вести на Viber

Сојузот на синдикатите на Македонија денеска му испрати едно интересно потсетување на министерот за финансии Фатмир Бесими. 

„Го потсетуваме Министерот Бесими дека Владата на седницата на ЕСС на која се утврди зголемувањето на минималната плата и пред целокупната јавност изјави дека по зголемувањето на минималната плата следува период на усогласување на платите во рок од шест месеци.

Загрижени сме од изјавите на Министерот за финансии Бесими кој се однесува како да не седел на седниците на ЕСС и како Министерството за финансии да не е дел од Владата.

Изјавата дадена во текот на вчерашниот ден, а пренесена преку медиумите како реакција на ССМ дека , „Не е адресата Министерството за финансии. Важно е да знаеме дека во делот на преговори ние во конкретниот случај во фаза кога се работеше ребалансот, немаше завршени преговори или решение, ние не можеме да предвидиме работи кои не се дефинирани. Дека е ветено нешто, тоа не можам да ви го потврдам, во однос на ребалансот. Но, дека се разговара, се разговара“, изјави Фатмир Бесими- Министер за финансии.“ не е издржана од следните причини:

1. Денеска во целост се побива она што јавно го кажува Министерот Бесими преку соопштението од нашиот братски Синдикат на УПОЗ при ССМ во кое ја изразуваат загриженоста поради тоа што Министерот за финансии иако требало како што вели да предвиди работи кои се дефинирани, истиот не го почитува Гранскиот Колективен договор за органите на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено - поправните и воспитно - поправните установи, државното правобранителство, единиците на локалната самоуправа, агенциите, фондовите и центрите за социјални работи и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија. Во реакцијата од страна на Синдикатот на УПОЗ се вели „Исто така загрижува и фактот што во Предлог – ребалансот на Буџетот за 2022 година, не е предвидена исплата на регрес за годишен одмор за 2022 година, право кое е предвидено согласно членот 21 од Гранскиот Колективен договор за органите на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено - поправните и воспитно - поправните установи, државното правобранителство, единиците на локалната самоуправа, агенциите, фондовите и центрите за социјални работи и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија.“ не предвидел средства!

2. Согласно Законот за минимална плата член 8 знаел дека сите плати мора да се усогласат согласно порастот на минималната плата во рок од 6 месеци истиот не предвидел средства за зголемување на платите во ребалансот на буџетот.

Поради горе наведеното токму Министерството за финансии е адресата и одговорноста е на министерот Бесими да обезбеди почитување на Законите и колективните договори и за тоа да обезбеди средства особено со ребалансот,  а во спротивно произлегува дека свесно ја оштетува Државната каса за доплнителни трошоци за водење на постапки против Државата од работниците кои доколку не ги добијат заслужените плати и додатоци согласно Закон и Колективен договор, работниците по судски пат ќе си го наплатат трудот со дополнителни трошоци кои ќе се плаќаат од Државна каса.

ССМ токму на негова адреса испрати допис за средби од кои последниот во понеделникот 23.05.2022 година по кој наместо да не повика на дијалог истиот ни се обраќа преку медиумите со неиздржани изјави – оправдувања и на таквиот начин се крие од работниците и нивните претставници и бега од одговорноста за непредвидените пари за плата и додатоци за работниците кои биле негова обврска од Закон и Колективен договор во ребалансот на буџетот кој е над 900 милиони евра“, се вели во соопштението олд Синдикатот. 

Можеби ќе ве интересира

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило