ССМ ДО ПОНЕДЕЛНИК НЕМА ДА ШТРАЈКУВА, ТУКУ ЌЕ ПОМАГА ВО ПОГОДЕНИТЕ РЕГИОНИ - синдикалците се веќе на терен
Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2022 21:57
Синдикатот нема да штрајкува во погодените региони од невремето, туку ќе помага за расчистување, нешто што веќе се прави, соопшти ССМ.
На итна седница на штрајкувачкиот одбор - Претседстелството на ССМ по електронски пат за потреба од ставање на генералниот штрајк во мирување во регионите погодени од невремето во Општините Делчево, Виница и Демир Капија заради потребата од ставање на сите расположливи капацитети за справување со последиците од невремето есногласно изгласа дека генералниот штрајк ќе биде во мирување до завршување на потребата за ангажирање на дополнителни капацитети за справување со последиците од невремето во погодените региони.
„По информации добиени од штрајкувачите од погодените региони од невремето како и заради ограничувањата предвидени со правилата за генералниот штрајк неопходно беше да се донесе Одлуката врз основа на која 100 отсто од вработените во јавниот сектор во погодените региони, а кои штрајкуваат ќе бидат ставени во функција за расчистување на последиците од невремето.
Нашите колеги браќа и сестри синдикалци се веќе на терен и истите помагаат на најпогодените“, се вели во соопштението од ССМ.
Можеби ќе ве интересира
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет




