15 Декември, 2025
0.0439

ССМ: Минималната плата ќе се зголеми само 1.600 денари и тоа со законско усогласување

Објавено во: Економија 15 Ноември, 2025 12:16

Добивај вести на Viber

Пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија се дека следната година од март минималната плата во земјата ќе се зголеми само за 1.600 денари и тоа на основа на законско усогласување со растот на пресметаната проосечна плата на годишно ниво за 2025.
Спооред ССМ, минималната плата и тогаш ќе биде убедливо најмала во регионт. Претходно на барањето на синдикалната организација, минималецот внредно да се зголеми на 600-тини евра, политички субјекти од власта рекоа дека тој во март следната година ќе се зголеми за 2.000 денари и ќе изнесува 26.400 денари.
„Во Македонија, висината на минималната плата изнесува 397 евра и според најавите на Владата истата нема да се менува до март 2026 година кога планираат само законско усогласување кое нема да биде поголемо од 1.600 денари.

Косово, минималната плата се зголемува од 350 на 500 евра во две фази. Во првата фаза од јануари 2026 година ќе изнесува 425 евра, а од јули 2026 година ќе изнесува 500 евра или зголемување за 150 евра.

Албанија, од 1 јануари 2026 година, минималната плата ќе изнесува 500 евра. Минималната плата ќе се зголеми за 307.850 вработени, кои ќе го добијат износот од 500 евра. Владата ќе ги субвенционира и дополнителните трошоци за осигурување за вработените во приватниот сектор со 90 милиони евра за период од 9 месеци (тоа што го бараше ССМ)

Србија, Владата со Одлука ја зголеми минималната плата и истата од октомври 2025 година изнесува 500 евра, а од јануари 2026 година ќе изнесува 550 евра.

Република Српска (БиХ), Економско социјалниот совет се согласи од јануари 2026 година минималната плата да изнесува : за неквалификуваните работници 512 евра, за квалификуваните работници 538 евра, за работниците со ССС 564 евра, за работниците со виша 692 евра, а за работниците со ВСС 743 евра.

Босна и Херцеговија, минималната плата за 2025 година изнесува 1000 км или 511 евра.

Црна Гора, минималната плата изнесува 600 евра за работници до средно образование, а 800 евра за работници со високо образование.

Жалосно е тоа што Владата има сојузници и во работодавачите и во некои синдикати (КСС за кои веќе предупредувавме дека на сила ги прават репрезентативни само за да нема зголемување на платите, за да ги поддржуваат и за да бидат против работниците), а кои како папагали повторуваат дека треба само да се почитува законот“, ббјави денес ССМ.


Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден