05 Јули, 2024
0.0377

Стабилност на приходите во ВИП

Објавено во: Економија 22 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Телеком Австрија Групацијата ги објави финансиските резултати за првиот квартал од 2015 година каде се вклучени резултатите и од работењето на македонските компании.

Интензивната конкуренција и ниските цени резултираа со намалување на профитот на Вип и намалување на базата на мобилни претплатници до 616,000 корисници. Пазарниот удел на Вип остана на истото ниво од 28.4% што укажува на севкупното намалување на бројот на корисници на мобилна телефонија во Република Македонија. По аквизицијата на Близу, Телеком Австрија Групацијата во Македонија има околу 76,000 фиксни пристапни линии за првите три месеци од 2015г.

Приходите во Македонија, кои ги вклучуваат и резултатите од работењето на Близу, изнесуваат 16.0 милиони евра во првиот квартал од 2015 г., додека заработката пред камати, даноци, депрецијација и амортизација (ЕБИТДА) достигна 3.4 милиони евра. Оперативните трошоци за првиот квартал од оваа година се зголемија за 15% споредено со истиот период минатата година. Профитот падна до 170,000 евра во негатива.

Како резултат на аквизицијата на Близу Македонија од страна на Телеком Австрија Групацијата, која беше затворена на 30 јули 2014г., во првиот квартал од оваа година, Вип започна да нуди пакетирани фиксни и мобилни услуги со воведувањето на продуктот Вип Комбо.

Исто така, Телеком Австрија Групацијата и Телеком Словеније Груп се договорија да ги спојат нивните подружници Вип оператор и Оне во октомври 2014 година. Телеком Австрија Групацијата ќе има 55% удел и целосна контрола во новосоздадениот ентитет, а Телеком Словеније Груп ќе има удел од 45%. Договорот предвидува опција за излегување на Телеком Словеније Груп во рок од три години од датумот на затворањето на трансакцијата. Трансакцијата е предмет на одобрување од страна на Комисијата за заштита на конкуренција на РМ, што се очекува во 2015 година.

Денес беа објавени финансиските резултати на Телеком Австрија Групацијата за првиот квартал од 2015 година заклучно со 31 март 2015 г. Подетални информации за резултатите на Телеком Австрија Групацијата  се достапни на http://www.telekomaustria.com

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТЕТЕ ГО ВЕДНАШ ДОСПЕАНИОТ ДАНОК ПО ДЛД-ГДП ЗА 2023 ГОДИНА И ИЗБЕГНЕТЕ ПРИСИЛНА НАПЛАТА ОД УЈП!!

ПЛАТЕТЕ ГО ВЕДНАШ ДОСПЕАНИОТ ДАНОК ПО ДЛД-ГДП ЗА 2023 ГОДИНА И ИЗБЕГНЕТЕ ПРИСИЛНА НАПЛАТА ОД УЈП!!

ВО МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ ПОВЕЌЕ НЕВРАБОТЕНИ ОТКОЛКУ ВО ХРВАТСКА - во „морската“ држава сѐ повеќе се бараат работници

ВО МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ ПОВЕЌЕ НЕВРАБОТЕНИ ОТКОЛКУ ВО ХРВАТСКА - во „морската“ држава сѐ повеќе се бараат работници

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш

МАЛО МЕСТО НА ИСТРА: Квадрат чини скоро 5.000 евра

МАЛО МЕСТО НА ИСТРА: Квадрат чини скоро 5.000 евра