17 Декември, 2025
0.1120

СТАНОВИТЕ ВО ВЕЛЕС АГЕНЦИЈАТА ЗА ОДЗЕМЕН ИМОТ НИКАКО ДА ГИ ПРОДАДЕ - трето јавно наддавање, еве колку пари се бараат

Објавено во: Македонија 18 Август, 2022 07:41

Добивај вести на Viber

Два обиди досега биле неуспешни за Агенцијата за управување со одземен имот да продаде неколку станови во Велес, за кои вкупно бара цена од околу 41 илјади евра.

Сега Агенцијата за овие станови организаира трето јавно наддавање, кое ќе се одржи на 23 овој месец, па дотогаш и треба да бидат поднесени пријавите до Агенцијата.

Претходно, пак, како што веќе пишуваше Фактор, на средината на јуни оваа година, Агенцијата за управување со одземен имот исто така ги продаваше овие станови по пат на јавно наддавање, по истата почетна цена.

Но, на овие станови тогаш, на второто јавно наддавање, „друштво“ им правеше и еден стан во центарот на Скопје, со почетна цена од 86 и пол илјади евра, а со површина од 86 метри квадратни.

Но, сега тој не се нуди, бидејќи очигледно некој тогаш „искеширал“ сума од 86,5 илјади евра, колку што беше почетната цена, или можеби повисока доколку имало конкуренција на јавното наддавање.

Станува збор за многу поволна почетна цена, со оглед на тоа што сите добро знаеме колку се скапи и колку секојдневно поскапуваат становите, особено во главниот град на државава. 

Па така, како што веќе пишуваше Фактор, само во вториот квартал становите на годишна основа поскапеле за 16,5 проценти, иако и претходно владееше таа постојано нагорна корекција на цените, стартувана уште од минатата година.

Таа почетна продажна цена, како што тогаш наведе Агенцијата во својот оглас, „била утврдена согласно процената на Министерството за правда – Биро за судски вештачења, направена во ноември лани, и намалена за една четвртина од проценетата вредност“.

Инаку, како што е познато, сите овие станови што ги продава Агенцијата со која раководи директорот Фатон Асани, се имот кој е одземен од криминалци кои вршеле кривични дела. Односно „станува збор за конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, а одлуките за продажба на овие станови се донесени од Владата“.

За неколкуте стана во Велес, пак, нивната вкупна почетна цена и тогаш а и сега беше 41 илјади евра, пресметана по истиот принцип, односно намалена за една четвртина. Но, очигледно и таа цена не била атрактивна за да се јават повеќе потенцијални купувачи, бидејќи условот е да има барем повеќе од еден јавен наддавач, или, пак, јавното наддавање пропаднало од некоја друга причина.

И на ова наддавање како и претходно, право на учество имаат сите физички и правни лица, освен осуденото лице од кого е конфискувана недвижноста, вработените во Агенцијата, како и друго лице кое учествувало во постапката за продажба.

„Лицата заинтересирани за купување ќе можат да учествуваат на наддавањето доколку положат гаранција од 10 отсто од утврдената вредност на недвижностите, а оние чија понуда нема да се прифати, гаранцијата ќе им се врати“, стои во огласот.

Доколку има само еден понудувач, нема да се одржи јавното наддавање.

Купувачот што ќе победи ќе треба парите да ги плати во рок од 15 ден, на сума намалена за гаранцијата, а доколку тоа не го стори за 15 дена, ќе се смета дека се откажал, и гаранцијата нема да му биде вратена.

Данокот на промет паѓа на товар на купувачот.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра