18 Декември, 2025
0.0838

„СТАНУВА ЗБОР ЗА ПОТВРДУВАЊЕ НА НАШИТЕ ЦРВЕНИ ЛИНИИ“: Филипче за националните интереси и проблемот со Бугарија

Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2025 17:33

Добивај вести на Viber

Денеска од Кисела Вода претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање порача дека СДСМ не ги урнало националните интереси на државата, ниту пак гледа дека нешто вратило ВМРО-ДПМНЕ. Но рече дека има документ со кој може да се потврдат црвените линии и заедничката позиција со национален консензус, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

„Станува збор за потврдување на нашите црвени линии, потврдување на нашата заедничка позиција со национален консензус за првпат. Значи не станува збор за уривање туку за зајакнување. Ајде еднаш да сите заедно 120 пратеници како што тоа го прават сите држави вклучувајќи ја и Бугарија коишто имаат сите пратеници заеднички декларации во собранието бугарско за нивните национални интереси, ајде тоа да го направиме ние. Да конечно јасно и сите да потпишеме што е тоа што е наше национален интерес кои се нашите црвени илини и дека за тоа едноставно не преговараме.“, рече Филипче.

Тој истакна дека токму тоа стои во предлог резолуцијата која точно е утврдено дека за јазикот, идентитетот, културата, историјата ниту една влада повеќе нема да преговара. 

Но повика за тоа да се зборува по изборите со цел овој период фокусот да биде ставен на локалните кампањи и презентација на програмите.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери