16 Јануари, 2025
0.0532

СТАРА ЧАРШИЈА: Унифицирани излози, изгубена совест!

Објавено во: Македонија 27 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Со унифицирањето на излозите на дуќаните во Старата скопска чаршија целосно ќе се изгуби автентичноста и духот на чаршијата, укажуваат експертите за културно наследство. Според д-р Донка Барџиева Трајковска од Центарот за културно наследство, со унифицирањето на изгледот на дуќаните ќе се добие сурогат на старата чаршија, во која одамна реконструкцијата на дуќаните е третирана ,,факсимилно,, односно целосно во нов материјал. Експертите потсетуваат дека она што сега е останато од чаршијата, сведочи за едно време во кое странските патеписци Скопје го препознаваат токму по убавата Стара скопска чаршија. - Скопје уште во седумнаесеттиот век имал чаршија со повеќе од 2150 дуќани, со многу плоштади и пазари градени од цврст материјал и украсени со сводови и куполи,со чисти калдрмисани сокаци,со покриен безистен. Исто така од француските  патеписци е забележано дека ,,Скопје имал прекрасни куќи и многу убава чаршија целата покриена со олово,, .Се разбира  чаршијата е жив организам,кој постојано се менува за да доживее повторен урбан раст кон средината на  19 век, кога се обновуваат старите и се формираат  нови  маала , но со урбанистички планови како што е оној  на Иса бег од 1878година.Кон крајот на деветнаесеттиот век  чаршијата била долга  со бочни покриени улички, со продавници и дуќани карактеристични за овој крај.Само уште еден податок кој е од искучително значње за чаршијата а се однесува на бројот на дуќаните: кон крајот на векот овде работеле 1150 занаетчиски  и бакалски дуќани, од кои во 1909 година 939 биле занаетчиски.Она што е останато до денес вклучително и нивниот изглед претставува слика за нашиот однос кон чаршијата како културно наследство. Најголемиот дел од чаршијата е деградиран а голем е бројот и на трајно изгубените објекти.Со унифицирањето на изгледот на дуќаните ќе добиеме сурогат на старата чаршија, во која одамна реконструкцијата на дуќаните е третирана ,,факсимилно,,односно целосно во нов материјал( бетонска конструкција)  со фасада која треба да наликува на нешто старо. Сега само ќе се заокружи овој процес и со изгледот на  излозите на дуќаните, вели за Фактор, д-р Донка Барџиева Трајковска, претседател на Центарот за културно наследство. starata-charshija-da-stane-makedonski-brend-173401 Идејата за унфицирање на излозите  доаѓа од Министерството за економија, а како што посочуваат оттаму тоа е во согласност со Програмата за развој на туризмот. Според новите правила , нема повеќе различно димензионирани излози на ист тип занаетчиски дуќани, односно нема да може едни излози да бидат со дрвени ќепенци, а други со пластични ролетни. Исто така новите правила подразбираат и натписите на имињата на дуќаните да биде со букви со иста големина, да се користат исти симболи и букви за рекламите во чаршијата, а унифицирањето важи и за осветлувањето. Разноликоста што беше симбол на на чаршијата заминува во историјата, а новите правила ќе важат за сите занаетчии што имаат дуќани во чаршијата. На дуќанџиите кои меѓу првите ќе сакаат да ги уредат излозите,  да изработат реклами или да ги испишат фирмите според избраните идејни решенија, Министерството за економија ќе им додели субвенции во висина од 100 до 1.000 евра. Реализацијата на проектот ќе се одвива во соработка со Општината Чаир, Градот Скопје и Министерството за култура. Од министерството за економија посочуваат дека се строго утврдени димензииите на големината на излогот, на знаците, буквите, осветлувањето, и дека сето тоа е во насока да се зачува автентичноста на Чаршијата. Идејните решенија ќе бидат познати по 20-ти следниот месец. Прво награденото решение ќе се спорведе најверојатно за златарите, а второто за угостителските и другите дуќани. Masoni-8 Од занаетчиската комора коментираат дека се уште не се запознаени со деталите за унифицирањето на излозите во старата чаршија, но укажуваат дека промената може да ги чини дуќанџиите многу поскапо. Од комората посочуваат дека е потребно реновирање на дел од дуќаните, но со унификацијата би се изгубил духот на чаршијата, односно разноликоста по која е препознатлива чаршијата. Старата скопска чаршија е заштитетна со закон, но дали се опфатени дуќаните? Од 2008 година Старата скопска чаршија е заштитата со Закон за култутно наследство од особено значење. Според овој закон  дадени се границите на заштитеното добро, односно што е дозволено а што не е дозволено да се превзема. Експертите велат дека иако дуќаните се клучната карактеристика на чаршијата, симбол за едно минато време, сепак во законот не  е наведено ништо конкретно околу менувањето на дуќаните. -Ова што се случува со  Старата скопска чаршија е целосно покриено со закони, односно  е  ,,спакувано,, во законски рамки! Во оваа смисла, ние сме сигурно единствената држава во светот во која Законот за заштита е во функција на уништување на културното наследство. Прашањето на т.н. Интегрирана заштита  на културното наследство која се однесува на  заштита на старите градски и селски јадра е уредена во став 3, член 69,70 и 71 од Законот за заштита на културното наследство во кои се уредени односите меѓу планот и актите за заштита како и Заштитно конзерваторските основи кои се составен дел на генералните и деталните урбанистички планови. Во делот кој се однесува на Старата скопска чаршија во фазата за заштита е искористена одредбата содржана во став 3 од член 41 (Прогласување на културно наследство од особено значење) според која ,,По исклучок од ставот (2) на овој член, на предлог на Владата наРепублика Македонија, одделни духовни добра или недвижни добра што претставуваат споменична целина, односно културен предел, можат да бидат прогласени со закон, според кој во 2008 година е донесен Закон за прогласување на Старата скопска чаршија како културно наследство од особено значење.Во однос на дуќаните  ништо конкретно не е наведено, освен една формулација од став 5 во член 8 според кој не е дозволено ,,да се обликуваат отворените простори на начин на кој ќе се деградира или нагрдува автентичноста на Старата скопска чаршија и на заштитеното подрачје, вели Барџиева Трајковска. 38_5 Во 2010 година Законот за  прогласување на Старата скопска чаршија како културно наследство од особено значење, претрпе измени. Во измените беше посочено дека заради заштита, уредување, ревитализација и рационално користење на Старата скопска чаршија еден урбанистички план ќе важи за целата површина на споменичката целина.Планот според измените треба да се изработува врз основа на заштитино-конзерваторски основи, изготвени од надлежна јавна установа за заштита, а планот треба да го носат општините Центар и Чаир. -Старата скопска чаршија е исто така предмет на третман  во Заштитно конзерваторските основи кои се составен дел  и обврзувачки за ГУП и ДУП на општините Центар и Чаир а се однесуваат на третманот на целината, катноста, материјалот во контакните зони. Во интерес на јавноста  потребно е да се потенцира дека  режимот на заштита на секој поединечен објект се утврдува со поединечен акт за ревалоризација и категоризација, затоа што во рамките на целината која е прогласена од Особено значење, секој поединечен објект може да припаѓа на различна категорија.Дотука се би било во ред  и би овозможило заштита на целината и поединечните објекти доколку процедурата е изведена до крај и е изработен предлог  за валоризација  за поединечните објекти во рок од една година од донесувањето на ГУП-от.Во спротивно стапува во сила одредбата од  став(4) од член 70  (Однос меѓу плановите и актите за заштита) според кој,, Акт за заштита на недвижно добро кое со просторен и урбанистички план е предвидено да добие статус на заштитено добро, може да се донесе ако режимот на заштита и границите на контактната зона на доброто не се во спротивност со планот. Ако актот за заштита не биде донесен во рок од една година од денот на донесувањето на планот, доносителот на планот може да изврши измена на планот и да утврди друг режим на уредување и користење на просторот на кој се наоѓа таквото добро,,??? 800px-Kapan_an   Токму овој член во Законот за заштита(2004) овозможи во изминатите години да изгубиме  бројни поединечни објекти во старите градски јадра кои се заштитени ,,формално,, со  Закон. Токму овој член овозможува да го изгубиме ГТЦ како што го изгубивме паркот пред Св.Софија, или предвидените  објкети за градба под Плаошник.Имено со посебен закон  на ваков начин е ,,заштитено,, старото градско јадро во Охрид, Крушево и Кратово. Значи по сила на Законот за  заштита на културното наследство трајно  ќе ги изгубиме  старите градски јадра и ќе добиеме  унифицирани излози во Старата чаршија, затоа што овој член наместо да ги  санкционира и казнува надлежните институции кои во рок од една година нема да донесат акт на заштита на поединечното добро,овозможува трајно уништување на културното наследство, објаснува Барџиева Трајковска. Во чија корист е Законот за заштита? Експертите за културно наследство посочуваат дека токму поради овие причини е потребно да се донесе нов Закон за заштита,на кој ќе му претходи Листа на споменици од национално значење со утврдена категорија, која ќе биде донесена на ниво на Собрание и јавно објавена, бидејќи со  сегашниот Закон се изгубени врвни примероци од градската архитектура во Скопје,Охрид, Битола, Крушево. -Центарот за културно наследство постојано говори за штетноста  на одредбите од постоечкиот Закон кој уште десетина пати се  мултуплицирани со амандмански  измени и нов Закон за измени на Законот за заштита ( но интересно  спорните одредби во однос на Интегрираната заштита,Плановите и актите за заштита останаа негибнати!!!) и за потребата од донесување на нов, но за жал за тоа не постои разбирање од фондациите. Тоа  се потврди и со одбивањето на  нашата  последна апликација  која требаше  да резултира со изработка на нов предлог закон за заштита на културното наследство. Во вакви услови нам како на граѓанско здружение не ние останува ништо друго освен да апелираме  до совеста на вработените во ,,институциите,, за заштита  и од нив да побараме поддршка  за  изработка на нов Закон. 800px-Стара_скопска_чаршија-630x354 Во спротивно не само што тие ќе останат без предмет на работа, туку и  граѓанитена Македонија и светот  пошироко  ќе  се соочат со загуба  на врвни  светски признати вредности. Ние не се откажуваме, но не сме моќни сами нешто да промениме  без поширока поддршка од сиот граѓански сектор и од фондациите. Во спротивно,според темпото со кое се  движат негативните трендови за уништување на културното наследство, за неколку години  ќе немаме што да заштитуваме ниту правно ниту физички, вели Барџиева Трајковска Унифицирањето нема да биде спроведено само во Старата скопска чаршија, туку идејата за исти излози надлежните најавуваат дека  подоцна ќе се примени и во чаршиите во другите градови, како Битола и Охрид. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено