16 Декември, 2025
0.0428

Стартува Јавната информативна кампања за Законот за кривичната постапка

Објавено во: Мои пари 26 Февруари, 2015 14:04

Добивај вести на Viber

„Побрзо, поправично, поефикасно‘‘ е мотото под кое со денешната прес конференција на Советот за владеење на правото  стартува јавната информативна кампања за Законот за кривичната постапка.

Кампањата има за цел да ја запознае македонската јавност со новините воведени со Законот за кривичната постапка кој започна да се применува од 1 декември 2013. Реформираниот Закон за кривичната постапка ја поедноставува постапката и обезбедува рамнотежа помеѓу интересите на државата и правата на обвинетиот.

Јавната информативна кампања ја спроведува Советот за владеење на правото со финансиска поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД. Советот за владеење на правото е коалиција на граѓански организации кои се залагаат за независно, транспарентно и ефикасно судство, како и за подигање на јавната свест на граѓаните за нивните права и обврски во постапките пред судовите.

„Кога луѓето не ги знаат своите права и законите кои се однесуваат на нивните права и обврски, тогаш тоа му штети на правниот систем. Правната свест им овозможува на луѓето да бараат правда, одговорност и ефективна правна заштита на сите нивоа.” – изјави г-дин Џемс Стејн, директор на УСАИД Македонија во своето обраќање на денешниот настан.

Во фокусот на кампањата се позначајните измени кои се однесуваат на начинот на водењето на кривичната постапка, улогата на јавното обвинителство, судовите и полицијата. Законот треба да обезбеди побрзо и поефективно водење на постапката, но истовремено да биде правична и фер и да ги штити како интересите на државата така и правата на обвиниетиот.

„Кампањата „Побрзо, поправично, поефикасно“ ќе придонесе за развој на свеста кај граѓаните за нивните права во текот на кривичната постапка, овозможувајќи ефикасна правна заштита пред надлежните органи.

Со ова започнуваат серија на активности на Советот, сé со цел да се поддржи пристапот до правда и да се промовира владеењето на правото меѓу граѓаните“ – изјави Љупка Новеска, претставник на Советот за владеење на правото.javna kampanja za krivicna postapka

Кампањата започнува денес и ќе трае до крајот на април. Во рамките на кампањата за Законот за кривичната постапка граѓаните ќе се информираат преку телевизиски и радио реклами, веб банери, постери, едукативни брошури, посебна веб страница и комуникација преку социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави