20 Декември, 2025
0.0615

Статистика контра реалност: На кои европски држави им се заканува сиромаштија

Објавено во: Свет 07 Април, 2013 13:12

Добивај вести на Viber

За вистинска борба против сиромаштијата во Европа, ние прво мора да го запознаеме проблемот, а за тоа е потребно повеќе од голи бројки, пишува Дојче веле. Најпогодени од сиромаштија се Бугарија, Романија, Шпанија и Грција, барем така покажува статистиката. Во овие земји постои голема разлика меѓу луѓето со високи и ниски приходи земји. Првите три земји по нееднаквост се Шпанија, Бугарија и Латвија. Генерално, сиромаштијата во ЕУ му се заканува на 16,9 проценти од населението. Но истовремено, луѓето со највисоки приходи - најбогатите 20 проценти, во просек, имаат пет пати повисоки плати од оние 20% кои се на дното. Германија според овој критериум е блиску до просекот. Во исто време, Чешка е земја со одлични показатели и е на прво место во двете категории. Разликата помеѓу високите и ниски приходи е за половина пониска од таа во Шпанија, која по овој критериум е на самото дно. Според тоа , во Чешка најмалку жители се изложени на ризик од сиромаштија. Лицето кое има помалку од 60 отсто од просечниот приход, се смета дека е загрозено. Во Чешка тоа изгледа вака: помалку од 4.500 евра годишно значат ризик од сиромаштија. Во Луксембург е загрозен оној кој годишно располага со помалку од 19.500 евра. Експертите велат дека ова покажува дека за да се добие вистинската слика на условите за живот треба да се видат многу работи. Институтот за германската економија ги зема во предвид и другите статистички податоци. На пример, она што луѓето го кажуваат? Дали тие себеси се сметаат за сиромашни? Речиси една третина од Грците одговара со ДА на ова прашање. Покрај тоа, од луѓето се бара одговор и на други прашања како тоа дали имаат пари за кирија, греење, автомобили, одмори? Како сврзуваат крај со крај? Во исто време, истражувачот на сиромаштијата Кристоф Бутервеге се сомвена во ваквите статистики на Институтот за германската економија. На пример, според овој експерт, законската минимална плата е "црниот ѓавол" за Институт за германската економија, иако ваква плата има во 20 држави од ЕУ. Во принцип, најважно е правилно толкување на статистичките податоци, вели Бутервеге. На пример, во последниве децении многу богати добија даночни олеснувања во Германија. Германски завод за статистика покажува дека сиромаштијата во Германија е во пораст, вели тој и заклучува: „Ние навистина не можеме да се бориме против сиромаштијата, а да не ги доведеме во прашање привилегиите на богатите." Но, вели тој, не постои политичка волја.  

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја