14 Ноември, 2025
0.0322

СТОЈАНОВ ОД БУГАРСКАТА ФОНДАЦИЈА МАКЕДОНИЈА САКА ДА ГО КУПИ ФК ВАРДАР: Биди на стадионот кога ќе грмне „Море сокол пие“, му одговорија од клубот

Објавено во: Македонија 01 Август, 2023 07:19

Добивај вести на Viber

На официјалната фејсбук страна на Фудбалскиот клуб „Вардар“, вчера попладне беше објавено дека претседателот на бугарската фондација Македонија, Виктор Стојанов, им дал понуда да го купи клубот. 

Ситуацијата е крајно алармантна. До клубот пристигна финансиска понуда од страна на Бугарската Фондација “Македонија”, која што сака да го купи нашиот Вардар, а со тоа и да го смени целиот идеолошки наратив, врз кој 76 години, континуирано се развивал клубот.

Нашиот став е дека воопшто не постои простор за дискусија со луѓе кои што не го признаваат македонскиот идентитет, па затоа одговорот ќе го објавиме вака јавно, нека биде тоа одговор на македонскиот народ, кон нечесната и крајно тенденциозна понуда: ВАРДАР НЕ Е НА ПРОДАЖБА!

На ваквите напади ќе продолжиме да одолеваме, само доколку секој од нас ја разбере важноста на купување на членската карта. Секој!

Членската карта е наш одговор и најважно оружје при одбраната на ВАРДАР – народниот клуб, највредното кое го поседува Македонија на спортски план и симболот на нашиот вечен непокор!

Голем е, затоа сакаат да го уништат – голем е, затоа ќе го заштитиме!

Воедно, ги повикуваме сите надлежни институции, особено оние кои подадоа рака. Време е за акција, народот повикува на борба за клубот. Членската карта е обврска за сите. Подадената рака значи одговорност!

Биди на стадионот кога ќе грмне “Море сокол пие”. Нека биде тоа нашиот одговор!

КУПИ ЧЛЕНСКА

На сите продажни места на "МК Тикетс"

Онлајн преку линкот:

https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx...“, напишаа на Фејсбук од клубот.


Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот - обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции!

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот - обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции!

Филков: Секој потрошен денар во судството мора да биде оправдан со резултати

Филков: Секој потрошен денар во судството мора да биде оправдан со резултати

БГНЕС го критикува Николоски дека е лицемерен и дека Бугарите претходно ги нарекол „бедници“

БГНЕС го критикува Николоски дека е лицемерен и дека Бугарите претходно ги нарекол „бедници“

Блерим Беџети: Кривичната пријава против мене е за да ме придобијат во мнозинството

Блерим Беџети: Кривичната пријава против мене е за да ме придобијат во мнозинството

Коцевски: Еден примерок вештачење на сомнителниот мазут чини 1.500 евра, а треба да провериме 300

Коцевски: Еден примерок вештачење на сомнителниот мазут чини 1.500 евра, а треба да провериме 300

ОЈО БАРА ПРИТВОР ЗА СКОПЈAНЕЦ КОЈ НАПАДНА 12 ГОДИШНО ДЕТЕ - го пресретнал на булевар и без причина го удирал со тупаници и клоци по лице и тело

ОЈО БАРА ПРИТВОР ЗА СКОПЈAНЕЦ КОЈ НАПАДНА 12 ГОДИШНО ДЕТЕ - го пресретнал на булевар и без причина го удирал со тупаници и клоци по лице и тело

ЦАРИНАТА ЗАПЛЕНИЛА 2.500 ИНФУЗИСКИ МЕДИЦИНСКИ СЕТА: Игли, шприцеви, канили и системи за инфузија

ЦАРИНАТА ЗАПЛЕНИЛА 2.500 ИНФУЗИСКИ МЕДИЦИНСКИ СЕТА: Игли, шприцеви, канили и системи за инфузија

Судиите со отворено писмо до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата

Судиите со отворено писмо до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата

ЕВЕ КОЈ ЌЕ ЈА ВОДИ КОМУНАЛНА ХИГИЕНА: Драги Митковски ќе седне на директорското столче

ЕВЕ КОЈ ЌЕ ЈА ВОДИ КОМУНАЛНА ХИГИЕНА: Драги Митковски ќе седне на директорското столче