20 Јануари, 2025
0.0278

Стојановска: На туристите им ја пеам „Македонско девојче“, а Македонија е посакувана дестинација за соло патници, но и семејства

Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Туристичкиот водич Лиде Стојановска од Кратово веќе една деценија работи со туристите кои доаѓаат во посета на Македонија. Зад себе има стотици реализирани тури. Вели дека со својата работа треба да им ја доближи македонската култура, историја, традиција на најдобар можен начин на гостите и се труди максимално на ова поле, затоа што сака посетителите пак да се вратат или да ја препорачаат земјава на други луѓе.

Говори три странски јазици, а за нашата држава, вели дека сега ја откриваат и туристите од Јужна Америка, што секако е за поздравување.

„Со оглед на тоа што јас зборувам шпански, англиски и француски јазик, можам да кажам дека имаме многу групи од Јужна Америка: Мексико, Аргентина, Колумбија, Уругвај, Бразил... Сепак очекуваме и се надеваме дека бројот на овие туристи оваа година ќе расте повеќе“, рече Стојановска.

Вели дека е многу важно сите градови и села на странците да им ги прикажат на најдобар можен начин.

„Македонија, впрочем и целиот Балкан, во последната деценија стануваат навистина популарна дестинација за посета особено како балканска тура во која се посетуваат поголем дел од балканските земји. Македонија како срцето на Балканот е неизбежен дел од таквите тури. Всушност, не само од групи, Македонија е посакувана дестинација и за соло-патници, парови, семејства... Веќе не е популарно само да се помине одморот на плажа, особено поради фактот што дел од туристите имаат плажа кај нив и се во потрага по нови дестинации кои имаат богато културно-историско и природно богатство. За среќа, бројот на туристи продолжи да расте минатата година. Всушност, најдобрата година за туризам во Македонија и на Балканот беше 2019 година, но речиси сите се согласуваат дека 2022 година ја надмина и 2019 година. Голем број туристи имаме од Шпанија, Јужна Америка, Германија, Полска, Италија и други европски држави, но имаме туристи и од САД, Канада, Малезија,Турција. Според моето видување единствени туристи кои сè уште се немаат вратено целосно се туристите од Кина, Тајван, но сепак и тие почнуваат да се враќаат и се надеваме дека 2023 година ќе биде најуспешна до сега“, рече Стојановска.

Раскажува дека за овие 10 години имало многу анегдоти со странските гости. Дури вели дека понекогаш практикува и да запее некоја од најубавите македонски народни песни за туристите.

„Секако дека имало многу анегдоти и доживувања во овие 10 години. На некои се сеќавам, некои сум ги подзаборавила.  Да се биде туристички водич не е доволно само да се знае историјата и јазикот на кој треба да им зборуваме на туристите, туку оваа професија опфаќа широк спектар на активности. Јас се трудам да им ја претставам и нашата храна, култура, музика. Честопати им ја пејам една од нашите најубави народни песни ,,Македонско девојче", или пак ,,Лихнида кајче веслаше" кога сум во Охрид. Сепак, за анимирање неколку пати дури сум им гледала на кафе на неколку туристки, онака само за забава. Не дека сум некој стручњак (не дека иверувам многу во тоа), но генерации кога започнавме да пиеме кафе кога имаме петнаесетина години, си гледавме на кафе со другарките. Поради тоа се сеќавам кое е значењето на некои од фигурите и го користам тоа. Имено, во еден ресторан каде имавме пауза за ручек во Босна и Херцеговина некои од туристите пиеја кафе. Се шегувавме со една туристка и решив да и гледам на кафе. Туристката многу сакаше да ги посети пирамидите во Босна и Херцеговина кои не беа дел од нашата балканска тура и поради тоа таа беше решена да се оддели од групата и да побара таква тура. Таа посака желба и во нејзината желба во шолјата за кафе јас ја видов буква М. Туристката успеа да најде таква тура и по некоја случајност возачот што ја возел се викал Милош. Нејзините другарки ми кажаа дека го поврзале со гледањето на кафе, што на мене навистина не ми се веруваше. Среќа што само позитивни работи гледам и кажувам кога гледам на кафе“, се шегува Стојановска.

Државниот завод за статистика на 12-ти месецов објави дека бројот на туристите во ноември 2022 година изнесувал 56.886,од кои 36.2 отсто се домашни туристи, а 63.8 отсто се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во ноември 2022 година изнесува 124.969, од кои 40.6 отсто се од домашните туристи, а 59.4 отсто одстранските туристи.Во периодот јануари – ноември 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туриститее зголемен за 38.8 отсто и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.2 отсто, а кај странските зголемувањето е за84.5 отсто. Статистиката покажува дека најмногу посетители имало од Турција и соседните земји, но имало и гости од многу други далечни земји од светот во помал број.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

„ЗЕМААТ ПАРИ ЗА АМОРТИЗАЦИИ, ЗА ПАТАРИНИ, КАКО ДА ВОЗАТ НА КЕРОЗИН“: Левица бара нова измена на Законот за пратеници

„ЗЕМААТ ПАРИ ЗА АМОРТИЗАЦИИ, ЗА ПАТАРИНИ, КАКО ДА ВОЗАТ НА КЕРОЗИН“: Левица бара нова измена на Законот за пратеници

ЗА ГРУБИ, ЗА МИЈАЛКОВ, ЗА ДРИН МЕХМЕТИ...Еве што вели обвинителот Коцевски

ЗА ГРУБИ, ЗА МИЈАЛКОВ, ЗА ДРИН МЕХМЕТИ...Еве што вели обвинителот Коцевски