Стојковски: Пречистителните станици во Македонија повеќе немаат пари за сметките за струја
Објавено во: Македонија 31 Август, 2022 11:46
Сретен Стојковски, директорот на Државниот инспекторат за животна средина, денеска брифираше дека пречистителните станици во Македонија, односно институциите кои раководат со нив, се соочуваат со неможност да ги платат високите сметки за електрична енергија.
Првиот човек на ДИЖС рече дека ако порано сметките за електрична енергија им била милион денари, сега тие се и до осумкратно поголеми.
- Пречистителните станици се актуелни деновиве поради виоските сметки за струја кои им доаѓаат. Веќе пречистителните станици во градовите каде што ги има, најавуваат дека нема да бидат во можност да ја прочистуваат отпадната вода. За тоа разговарав со раководителот во Управата за животна средина и отпадни води за да направат една информација до Владата, бидејќи сметките ако биле еден милион, сега се осум милиони, алармираше Стојковски.
Директорот рече дека овој проблем, актуелни случаи на кои е насочен инспекторатот е испуштањето на црн облак од котларницата на мазут во РЕК Битола, пожарот во Цементарница Усје, пресушувањето на браната Паљурци, како и поморот на риби во Куманово.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




